ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Господ нека ја чува кралицата / God Save the Queen

September 13, 2022 11:24
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

Најпознатата кралица во овој пропаднат и антикралевски свет, Елизабета Втора, почина во 96-тата година од својот живот. Кога кралицата го презеде тронот, Британија беше колонијална сила. Британија влезе во Европската унија и таму остана околу 50 години, па излезе. За сето ова време, кралицата не беше само британски суверен, а ни само најпозната мајка-кралица.

Елизабета Втора, на 2. јуни 1953. година е денот кога прв пат ја стави круната на својата глава. Година дена пред тоа, во февруари 1952 година разбира дека ќе е избрана за кралица. Нејзиниот татко, Џорџ Шести, ја водеше Британија низ Втората светска војна. Во следните 70 години, не само Елизабета, на круната се навикна и целиот свет. За тие седум децении, во светот се промени буквално сè, само Елизабета остана со круна на главата. За 70 години, се променија тринаесет американски претседатели кои сите ги запозна. Се променија седум поглавари на Римокатоличката црква, Елизабета втора запозна пет папи, посетила 116 земји и со тоа станува официјално лице кое го пропатувало целиот свет. Нејзиното крунисување било прво крунисување кое се пренесувало на телевизија. Елизабета беше првиот монарх кој испрати прва електронска пошта во 1976 година. А во 2009 година отвара свој Твитер профил. Во Втората Светска војна носела униформа, возела воен камион. Британците можеле да ја замислат и во воено и во ловечко одело, ама и со престилка како меси колачи. На Двајт Ајзенхауер, американскиот претседател, во 1958 му испратила рецепт за колачиња кои се прават од путер и млеко… Иако конзервативна, британската кралица се прошета и како една од девојките на Џејмс Бонд. Нејзината глава беше на кованица од едно пени со кое купуваа леб во продавница.

А сега, на кратко, да се обидам да го опишам политичкиот систем на Британија. Имено, Британија е „закамуфлирана монархија“, кралицата Елизабета, реално, никогаш немала вистинска политичка моќ. Кралицата Елизабета имаше своја симболична аура на британското општество, а тоа е аурата на единството, посебно единство во првата половина на 20 век. Во периодот на 20 век, Британија ја создава „Пакс Британика“, што во дополнителен превод значи дека Британија ги господари светските мориња. Нејзиниот татко – кралот, а беше и Император на Индија, Џорџ Шести, беше владетел на четвртина од светското копно, а меѓу неговите поданици се наоѓаше четвртина од светската популација. Во тој период, кралицата Елизабета присуствува на деколонизацијата на повеќе држави од доминацијата на Британија, а тоа е времето на „Ладната војна“ која на крајот резултираше со пад на Берлинскиот sид. Така што, во денешнината, од една од најмоќните две светски велесили, денес Британија не е толку голема светска сила како што некогаш беше, дури не е важна, политички и економски, ниту во рамките на Европската унија.

Така што дојде до една голема промена, од кралица на морињата, постепено – низ времето – Британија го губеше влијанието. Ама благодарение на „Комонвелтот“, благодарение на околностите, и благодарение на кралицата Елизабета, Британија многу полесно ја преброди деколонизацијата отколку што ја пребродија другите светски сили.

Кралицата Елизабета беше и останува симбол во душите и срцата на Британците и монархијата Британија која некогаш беше толку силна и имаше големо влијание на целиот свет.

Што се однесува до нашите официјални лица, пред сè тука мислам на бившиот премиер Заев кој, на својот Фејсбук профил напиша:

„Нејзиното величество Елизабета II ни беше домаќин на приемот за време на НАТО самитот во Лондон во 2019 година. Нејзиното величество Елизабета II ни беше домаќин на приемот за време на НАТО самитот во Лондон во 2019 година. Нејзините мудрост и капацитет изминативе 70 години беа водилка за многу светски лидери, а сигурен сум дека ќе инспирираат уште многу државни и полтички водства во времињата кои доаѓаат Почивајте во мир Ваше величество . Ви благодариме за сѐ што Вие и Обединетото Кралство направивте како поддршка на интегративниот пат на Северна Македонија“, истакна Заев.”.

A некаде прочитав и дека претседателот на државата, Стево Пендаровски со својата сопруга ќе оди во Лондон, на 19 септември, да присуствуваат на државниот погреб на Кралицата Елизабета. Нека, убаво е да им оддадеме почит на Британија и Британците, тие сепак имаат кралица, и сепак, едно време таа земја беше кралица на морињата. Британија беше поранешна светска сила.

Господ нека ја чува кралицата / God Save the Queen.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Без струја корисници во Илинден, Арачиново и Карпош

May 9, 2025

Ден на победата над фашизмот

May 9, 2025

(ВИДЕО) Почина лицето на кое беше пукано во Штип, убиецот е уапсен

May 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Спротивставувајќи се на Трамповата Америка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Идентитетот на новиот папа ќе го објави кардиналот Доминик Мамберти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Роберт Превост, новиот папа?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бел чад од Сикстинската капела: Habemus Papam

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Честит Ден на победата во Европа, 8 Мај и Честит Ден на Европа, 9 Мај

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk