ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Министерот Шаќири ќе учествува на Самитот на ОН за трансформација на образованието во Њујорк

September 14, 2022 10:56
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири ќе учествува на Самитот за трансформација на образованието, што од 16 до 19 септември ќе се одржи во Њујорк, САД.

Како што информираат од МОН, Самитот, свикан од генералниот секретар на Обединетите Нации, има за цел да мобилизира на глобална политичка акција, барање решенија и покажување солидарност во пост-пандемискиот период, насочени кон подобрување на квалитетот на образованието.

На образовните системи им е неопходно преобмислување, за да можат да ги совладаат загубите во учење предизвикани од пандемијата, да воспостават механизми за совладување на идни предизвици, да овозможат еднаквост и вклученост, како и квалитет и релевантност. Просперитетна иднина на децата и младите се гради преку образование кое се темели на колективен стремеж за мир, правда, човекови права и одржлив развој и затоа Самитот претставува исклучителна можност на едно место да се презентираат и слушнат глобални искуства, актуелни состојби и предизвици, како и стратегии за градење на квалитетно образование за 21 век, потенцираат од МОН.

Оттаму посочуваат дека на Самитот за трансформација на образованието му претходеше претсамит во седиштето на Организацијата за образование, наука и култура на ОН (УНЕСКО) во Париз, Франција, во јуни годинава, каде министерот Шаќири истакна дека Владата на Северна Македонија не само што овозможи континуитет на воспитно-образовниот процес за време на пандемијата, туку во овој период ја иницираше и ја почна најкрупната образовна реформа. Тој укажа дека националното образование се трансформира во систем кој ги пресретнува барањата на современото дигитално општество, преку нови наставни програми и материјали за учење кои етапно се воведуваат, а промените се фокусираат и на релацијата ученик-наставник како и на подобрувањето на образовната инфраструктура.

Потенцираат дека во рамки на подготовките за Самитот, Министерството за образование и наука со поддршка од УНИЦЕФ спроведе национални консултации со сите релевантни чинители за тоа како треба да изгледа образованието во државата во иднина: со граѓанскиот сектор, со пратениците, со претставниците на локалните самоуправи, а беше организирана и визионерска работилница со претставници на младите.

Оттаму посочуваат дека Владата на Северна Македонија и Министерството за образование и наука остануваат посветени на градење национален образовен систем кој учи на знаења и вештини неопходни во 21 век и создава училишта кои се инклузивна, безбедна и правична средина за децата и младите.

Next Post

Тела на цивили со траги од тортура пронајдени во регионот Харкив, во Балаклија пронајдена комора за мачење

НАЈНОВО

Јужна Африка 12 часа држеше 150 Палестинци во авион

November 14, 2025

ЕК за оценките за „ново мнозинство“ во ЕП: Секогаш ќе бидеме подготвени за соработка со проевропските и продемократските сили

November 14, 2025

Клековски: Дијабетичарите се третираат со трета генерација инсулин, Владата работи на разрешување на дефицитот на сензори

November 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ДИК: Надоместоците за изборните органи за Локалните избори 2025 нема да се намалат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 14 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дончиќ: Фокусиран сум на Лејкерс, Далас останува во моето срце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сали на чекор до „Илинденска“, реконструкцијата на Владата пред или по Нова година?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Минималната плата да биде 600 или 700 евра: Анкета на ССМ покажува силна поддршка за итно зголемување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk