ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Уставниот суд по иницијативата за „работа во недела” ќе одлучува кога ќе има кворум

September 14, 2022 12:08
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Уставниот суд на денешната седница не одлучуваше по иницијативата поднесена од Стопанската комора на Северна Македонија во која е оспорен Законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи кој во својата содржина опфаќа „работа во недела”, поради немање кворум. По иницијативата, како што велат од Судот, ќе се навратат тогаш кога Собранието на Република Северна Македонија ќе го комплетира Уставниот суд со доволен број на судии, пренесува МИА.

Судија Осман Кадриу на седницата посочи дека станува збор за иницијатива со чувствителна содржина затоа што со неа се оспорува во целост Законот објавен во Службен весник бр.288/2021.

-Уставот предвидува дека секое вработено лице има право на дневен, неделен и годишен одмор. Она што паѓа во очи каква е определбата на уставотворецот по овие права што ги гарантира. Уставотворецот предвидува и императивна норма во Уставот со која се вели дека под овие права работникот не мора да се откаже, тоа значи дека не постои можност спогодбено да се доведуваат во прашање неговите права за работен однос. Законодавецот како надлежен орган со законот врши конкретизација и индивидуализација кој ден во неделата да биде неработен и сосема оправдано се одлучува тоа да е недела. Законодавецот ова право го пропишува како општо право да важи за сите правни лица, предвидува и исклучоци дека ако процесот на работата тоа го бара во конкретни дејности може да се организира работата и во недела, рече Кадриу.

Според него, има уставна основа, а таа произлегува од определбите на уставотворецот за значењето на конкретните права од работен однос, а во тие е и правото да му се обезбеди платен дневен неделен и годишен одмор.

-Апсолутно не може да се доведе во прашање дека со оспорениот Закон се повредуваат уставните одредби. Со оваа иницијатива се индивидуализира и конкретизира едно право кое со Уставот се гарантира. Кога станува збор за права што Уставот ги гарантира тие добиваат на значење. Не може да се доведе во прашање сомнежот за уставноста на оспорениот Закон. Законот треба да продолжи да е во сила, вели Кадриу.

Судија Дарко Костадиновски рече дека ваквата измена на Законот е за поздравување, прифатлива и оштествено нужна и неопходна.

-Но, сметам дека начинот на кој законодавецот сака да ја постигне оваа цел е уставно проблематична. Дел од наводите во иницијативата се основани. Остава простор за различни толкувања. Како се утврдува кои се тие технолошки процеси кој го цени тоа, рече Костадиновски.

Според него,  со оваа законска норма на министерот за труд и социјална политика му се дава законодавна надлежност за исклучоците и кои се придружни и помошни дејности. – Ваква арбитрерност не води до правна сигурност. Законските измени имаат уставен однос, но начинот на кој се прави тоа е уставно проблематичен. Јас нема да го прифатам овој предлог од рефератот, нагласи судијата Костадиновски.

Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска не се согласува дека во наводите нема доволно причини, посочувајќи дека е даден осврт на сите спорни елементи.

-Крајно време беше да се донесе ваков Закон. Членот 2 е многу јасен и не е спротивен на ниту една одредба од Уставот. Нема подвојување на работодавачите, секој може да работи во недела, но тоа треба да им се плати. За мене ништо не е спорно во овој реферат, потенцираше Кацарска.

Во иницијативата се наведува дека ден на неделен одмор може да биде кој било друг ден во неделата, дека е утврден и додаток на плата за работа во недела во износ од најмалку 50 проценти за секој час поминат на работа и од тие причини е дозволена нееднаквост на граѓаните пред законите, велат од Уставен суд.

Содржани се и наводи дека со ова законско решение работодавачите од економските дејности на кои им се забранува работа во недела и имаат еднаква правна положба од аспект да ги намируваат данокот и другите јавни давачки кон државата кои се утврдени со закон се ставени во нееднаква правна положба со работодавците од економските дејности на кои им е дозволено да работат во недела, од аспект да остваруваат приходи и добивка.

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) вчера го повика Уставниот суд да ја отфрли иницијативата на Стопанската комора, бидејќи, како што велат, е спротивна на Уставот. Според ССМ, со иницијативата ќе се задре во веќе утврдено право на непрекинат неделен одмор што се состои од најмалку 24 часа за период од седум дена на илјадници работници во државата.

Синдикатот предлага Уставниот суд да расправа по ова прашање секој ден – недела до крајот на годината и тогаш повторно да ги прашаат работодавците кои стојат зад иницијативата правото на неделен одмор да не биде регулирано со закон, дали се против и дали остануваат на ставот истакнат во иницијативата.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Нема причини за стравувања од траен недостиг на млеко, велат преработувачите

НАЈНОВО

Знае ли Мицкоски дека Тошковски го демантираше за странските служби и центри на моќ, прашува СДСМ

September 15, 2025

Полска урна дрон над зградата на владата во Варшава

September 15, 2025

Крвава драма во Велес: Маж уби жена и нејзиниот татко, па се самоуби

September 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стеваноски реагира: Полицајци во цивил од Скопје се однесуваат насилнички и застрашувачки во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Старата чаршија до младинските центри: Меџити ја претставува визијата за Чаир во интервју за Фронтлајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk