ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Зајкова и Мојсoски од ЛДП: Не е време за Референдум, прашањето е апсурдно, Уставот е јасен

September 14, 2022 16:16
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Рефендумско прашање е апсурдно затоа што до сега во Македонија не познавам дека се случило во пракса да се поништи договор ратификуван од Собранието, па оттука се сомневам во искрените намери за референдум, односно дали се работи за искрена политика или повторно само гол популизам, истакнува пратеничката и потпретседателка на ЛДП Моника Зајкова.

Скрининг процесот од утре започнува за пристапување на земјава во ЕУ, а денеска е одржан првиот состанок со делегатите од 27-те земји членки на ЕУ во работната група на Советот на ЕУ, задолжена за проширување и за земјите коишто преговараат за пристапување. Формирани се преговарачки тимови, така што со спроведување на рефендумот, државата наместо напред би направила чекори наназад. Не разбирлива е одлуката да се излезе со такво референдумско прашање ако се земе предвид дека токму ВМРО-ДПМНЕ, беше онаа која немаше ништо против при усвојувањето на резолуцијата за Западен Балкан предложена од нивната сестринска партија- Европската народна партија на конгресот во Ротердам во која се бара да се почитува и спроведува Договорот со Бугарија и добрососедските односи, потенцираше таа.

Таа додаде дека организирањето на референдум во време на енергетска криза е непотребен чекор, затоа што тоа ќе удри по буџетот на државата, а со тоа и по џебот на граѓаните. За неа во моментов на отпочнати процеси не е потребно да има референдум, а истиот може повторно да предизвика големи поделби меѓу граѓаните, како и последици по однос на државата и успорување на процесот на нејзината евроинтеграција.

Пратеникот Боби Мојсоски вели дека внатрепартиски во ЛДП сè уште не дискутирале по однос на иницијативата за организирање на рефендум а лично тврди дека референдумското прашање може да ги успори веќе отпочнатите процеси на евроинтеграција.

Во моментот потребно е силите да ги насочиме кон менаџирање и решавање на енергетската и економската криза кои ни се пред прагот и сите заедно да се насочиме кон развој и брзо поминување на патот до целосна европска интеграција а не да заглавиме во лавиринти. Уставот во членот 118 е јасен: ,,Меѓународните договори што се ратификувани се дел од внатрешниот правен поредок и не може да се менуваат со закон.’’, вели пратеникот и генерален секретар на ЛДП Мојсоски.

Потсетување дека пратениците од ЛДП во минатиот состав го поддржаа носењето на договорот за развој на добрососедските односи оттука би било апсурдно од денешна перспектива да поддржат вакво референдумско прашање, заклучува тој.

Д. Е.

Next Post

Утре и задутре прв објаснувачки скрининг меѓу ЕУ и Северна Македонија и Албанија

НАЈНОВО

Скриншот

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

November 3, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk