Заменичката на претседателот на Владата задолжена за креирање на политики за добро владеење Славица Грковска денеска имаше средба со делегација на Сојузот на борци од НОАВМ 1941-1945, предводена од претседателот на Главниот одбор на сојузот, Никола Стојановски и потпретседателката Елена Јовановска Грујовска.
-На средбата вицепремиерката Грковска, која беше придружувана од министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, му честиташе на претседателот Стојановски за неговиот реизбор и нагласи дека Владата на Република Северна Македонија дава целосна поддршка на организацијата, која има големо значење и која ги одржува сеќавањата на историските придобивки низ кои се роди државноста на нашата земја, соопшти владината прес-служба.
Делегацијата од Сојузот на борци од НОАВМ информираа за активностите во нивната работа. Образложувајќи ја моменталната состојба во организацијата, ги презентираа предизвиците со кои се соочуваат во нивното основно функционирање.