Црвениот крст на Република Северна Македонија по повод одбележување на Светскиот ден по прва помош под мотото Првата помош спасува живот, организира Конвенција по прва помош во Битола на 17 септември 2022 година кај Офицерски дом Битола со почеток во 11:00 часот.
Настанот ќе започне со дефиле на сите учесници кое ќе се одвива низ Широк сокак до плоштад Магнолија.
Првиот дел од настанот ќе биде посветен на промоција на културата и традицијата на општините кои ги покрива општинската организација на Црвен крст, ќе бидат поставени 14 штандови на кои ќе бидат претставени традицијата и културата преку храна, сувенири, едукативно промотивни материјали, народни носии и останати обележја кои се карактеристични за општините.
Вториот дел од настанот ќе биде наменет за промоција на првата помопш и ќе започне со симулациска вежба во организација на Црвениот крст на Република Северна Македонија во соработка со останати чинители и институции за кризен менаџмент на локално ниво.
Настанот ќе го отвори генералниот секретар на Црвениот крст на Република Северна Македонија д-р Саит Саити и градоначалникот на Општина Битола г-дин Тони Коњановски.