ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Нова соработка на ФИТР, ИНОФЕИТ и ИМЕ за подобрување на дигитализацијата кај македонските компании

September 21, 2022 11:24
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), Центарот за трансфер на технологија и иновации при Факултетот за електротехника и информациски технологии (ИНОФЕИТ) и Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ) потпишаа Меморандум за соработка. Целта е воспоставување и унапредување на механизмите за поддршка на процесите на дигитална трансформација кај македонските компании преку воведување и примена на дигитални решенија.

Како што информира ФИТР, преку ваквата соработка се потенцира важноста од дигиталната трансформација на клучните процеси во компаниите, која е од суштинско значење за зголемување на продуктивноста и конкурентноста на македонските компании и економијата во целост.

-Досегашната успешната соработка на ФИТР и ИМЕ продолжува во насока на развој на македонскиот еко систем преку поддршка на процесот на дигитална трансформација но и подобрување на степенот на дигитализација на македонските компании. Поддршката на иновативни дигитални решенија ќе придонесе кон развој на нови типови на иновации но и забрзан раст на компаниите. Со овие активности ќе придонесеме и кон зајакнување на позицијата на Дигиталниот иновациски хаб при Центарот за трансфер на технологија и иновации (ИНОФЕИТ ДИХ) како one-stop shop давател на услуги за дигитализација, изјави директорот на ФИТР, Фестим Халили.

Активностите е предвидено да се одвиваат во две фази – во првата фаза ќе се врши испитување на потребите за дигитализација кај малите и средните претпријатија, додека во втората фаза предвидено е Фондот да објави Повик за ко-финансирани грантови за развивање и имплементација на иновативни дигитални решенија.

-Дигиталниот иновациски хаб на ИНОФЕИТ како давател на услуги на компаниите во поглед на дигитална трансформација ќе ја предводи првата фаза од реализацијата на активностите предвидени со Меморандумот за соработка кој го потпишавме денеска. ИНОФЕИТ ДИХ со поддршка на Швајцарската програма ИМЕ наскоро ќе објави повик за компании кои имаат интерес да направат анализа на нивната дигитална зрелост и детекција на потребите за дигитални решенија.– Анализата на компаниите ќе се прави по методологија усогласена со современите практики во државите од ЕУ со која компаниите ќе добијат детална проценка на потенцијалите за идна дигитална трансформација и иден раст како и клучни технологии/алатки потребни за дигитална трансформација и подигнување на нивото на дигитална зрелост, рече управителот на ИНОФЕИТ, Владимир Атанасовски.

Активностите ќе бидат насочени кон компании од домените дефинирани со процесот на паметна специјализација: паметно земјоделство и храна со додадена вредност, информатичко-комуникациски технологии, паметни и одржливи згради и материјали и машинска и металопреработувачка индустрија, туризам и енергетика.

-Предвидените активности во рамки на Меморандумот ќе овозможат унапредување на македонските компании во насока на повисок степен на дигитализација и дигитална трансформација. Целта на Швајцарската поддршка е да се зголеми дигиталната подготвеност на компаниите, и преку инвестиции во дигитални решенија да се подобри нивната ефикасност и продуктивност во работењето, што ќе води до поголема конкурентност на домашниот и странските пазари, а во исто време ќе создаде услови за креирање нови пристојни работни места, истакна директорот на ИМЕ, Горан Дамовски.

Во следниот период, како што информира ФИТР, ќе биде објавен Повик за ко-финансирани грантови за развивање и имплементација на иновативни дигитални решенија во согласност со Годишната програма за работа на ФИТР за 2022 година, Столб 2 – Поддршка за бизнис развој, дел: Тематски предизвици – Стартап хабови и хабови за дигитална иновација (Digital Innovation Hub – DIH). 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

СДСМ во Скопје ќе настапи со свој кандидат, во игра се и Ралев и Шукова

July 15, 2025

Времето не работи за нас, потребни се храбри одлуки за ЕУ сега, истакна Филипче

July 15, 2025

Советот на ЕУ не постигна договор за воведување на еден од најстрогите пакет санкции кон Русија

July 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Премиере, кочи малку оти ќе се тумбаме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски ја саботира европската иднина – Македонија сама се блокира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Национализмот на вечната жртва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ујдурмата на „Маркет Вижн“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Никола Димитров на Сими Симпозиум: Ако ЕУ остане без вредности, тогаш е ништо!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk