ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Одбележан Светскиот ден на Алцхајмеровата болест: Потребни се дневни центри и професионални негуватели

September 21, 2022 14:44
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Светскиот ден на Алцхајмерова болест беше одбележан денеска на плоштадот „Македонија“ во Скопје од каде беше испратена порака дека сите општествени чинители од секоја сфера треба да се вклучи во поддршката за добивање подобра нега на лицата со деменција.

Претседателката на организаторот на настанот, граѓанското здружение „Институт за Алцхајмерова болест и невронаука – Скопје“, д-р Габриела Новотни, истакна дека особено е видлива потребата од дневни центри, едукација, како и професионални негуватели.

Ние сме должни да го направиме сето ова за овие лица. Во Македонија тоа се најмалку 20 илјади семејства. Алцхајмеровата болест која ги краде спомените не ја зафаќа само индивидуата, туку и целото семејство го вовлекува во својата болест и тоа трае со години. Во изминатите две до три години не успеавме да постигнеме напредок во дијагностичките методи. Ги имаме дури и творните биомаркери кои се во дијагностичкиот протокол ширум светот, меѓутоа добивањето на дијагнозата не значи и крај на болеста, изјави Новотни.

Според неа, потребно е не само да се препишат лекови, туку и да им се помогне на семејствата во грижата за своите сакани, бидејќи некои од нив не се едуцирани како да постапат со одредени однесувања, па бараат помош и во доцните часови се јавуваат на клиниките.

Потребни се професионални негуватели. Потребни се дневни центри. Знаете болеста ги краде мемориите, но ние не смееме да им го украдеме квалитетот на живот, љубовта, радоста, среќата. Тоа се емоции тоа не е меморија, додаде Новотни.

Таа ја искористи приликата да испрати порака до докторите, психолозите, социјалните работници и оние кои ги креираат здравствените политики да се насочат кон заедничка промена кон подобро.

Во однос на дневните центри, Новотни истакна дека иницијативата постои на хартија и како и позитивни вибрации, но дека во пракса не доаѓаат до израз.

Таа додаде дека како старее населението се зголемува и бројот на лица со оваа болест, потенцирајќи дека верувањето оти само старите лица заболуваат од неа е погрешно.

– Дека оваа болест е само на старите лица е стигма, има многу млади работоспособни лица кои може се во фаза на добивање дијагноза или веќе ја имаат, истакна Новотни.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните на Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барања

June 30, 2025

Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

June 30, 2025

Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

June 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица потешко повредени во сообраќајка во центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во првото коло од Вимблдон 737-от тенисер во светот победи без да изгуби сет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk