ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Продолжува поддршката од ЕУ за централните банки на земјите од Западен Балкан

September 21, 2022 18:17
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Дојче Бундесбанк и Европската комисија започнаа програма финансирана од ЕУ за понатамошна поддршка на централните банки и банкарските супервизорски агенции во земјите кандидатки за членство во ЕУ и потенцијалните кандидати од Западен Балкан.

 Дојче Бундесбанк денеска заедно со 19 национални централни банки на Европскиот систем на централни банки (ЕСЦБ) и Европската централна банка (ЕЦБ), започнаа програма финансирана од ЕУ чии корисници се Банката на Албанија, Централната банка на Босна и Херцеговина, Агенцијата за банкарство на Федерацијата на Босна и Херцеговина, Агенцијата за банкарство на Република Српска, Централната банка на Република Косово, Централната банка на Црна Гора, Народната банка на Република Северна Македонија и Народната банка на Србија, соопшти Народна банка.

Целта на програмата, како што се наведува во соопштението, е понатамошно јакнење на институционалните капацитети на земјите – крајни кориснички, особено преку унапредување на нивните аналитички алатки и политики и преку пренесување на најдобрите меѓународни и европски стандарди во националните практики. Европската унија (ЕУ) издвои 3 милиони евра за програмата од Инструментот за претпристапна помош (ИПА III).

Од Народна банка информираат дека на воведниот настан што се одржа денеска во Банката на Италија, вишиот заменик гувернер Луиџи Федерико Сињорини ја потврди важноста на меѓународната техничка соработка како инструмент за институционален дијалог, која придонесува за градење просперитет и мир. Стратешкото значење на овој проект во пошироката рамка на пристапувањето во ЕУ се гледа преку целта и опфатот на програмата и е особено релевантно во сегашните околности на широко распространети геополитички, економски и финансиски предизвици.

Флоријан Хаузер од Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување на Европската комисија истакна дека „програмата претставува важен придонес за подобрување на економското управување и зајакнување на институционалната рамка на Западен Балкан. Таа ја поддржува подготовката на централните банки на Западен Балкан за нивна интеграција во Европскиот систем на централни банки“. Г-ѓа Александра Хахмајстер, генерална директорка на Дојче Бундесбанк, ја истакна важноста од постигнување одржливи резултати и значењето на градењето односи, се наведува во соопштението од Народна банка.

Во следните 36 месеци, Бундесбанката, заедно со партнерските централни банки и со придонес на ЕЦБ, ќе организира интензивна регионална програма за обука за клучните прашања од централното банкарство и супервизијата. Обуката ќе се фокусира пред сè на областите на спречување перење пари, банкарска супервизија, финансиска стабилност, заштита на финансиските потрошувачи и финансиска вклученост, решавање банки, комуникација, финансиски пазари, информатичка технологија, истражување на монетарната политика, платежни системи, статистика, ЕУ интеграција, политики на управување, сметководство и внатрешна ревизија. Ќе има и три работилници за политиките за носителите на одлуки за платните системи, трезорско работење и управување. Исто така, програмата ќе го поддржи спроведувањето на конкретни билатерални мерки покрај регионалните обуки.

Програмата ја спроведува Бундесбанката како нејзин координатор во партнерство со Народната банка на Белгија, Бугарската народна банка, Чешката народна банка, Банката на Грција, Банката на Шпанија, Банката на Франција, Хрватската народна банка, Централната банка на Ирска, Банката на Италија, Литванската банка, Централната банка на Луксембург, Унгарската народна банка, Холандската централна банка, Народната банка на Австрија, Народната банка на Полска, Банката на Португалија, Народната банка на Романија, Банката на Словенија и Народната банка на Словачка. Европската централна банка ќе придонесе за реализација на проектот, се истакнува во соопштението. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

СДСМ во Скопје ќе настапи со свој кандидат, во игра се и Ралев и Шукова

July 15, 2025

Времето не работи за нас, потребни се храбри одлуки за ЕУ сега, истакна Филипче

July 15, 2025

Советот на ЕУ не постигна договор за воведување на еден од најстрогите пакет санкции кон Русија

July 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Премиере, кочи малку оти ќе се тумбаме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски ја саботира европската иднина – Македонија сама се блокира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Национализмот на вечната жртва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ујдурмата на „Маркет Вижн“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Никола Димитров на Сими Симпозиум: Ако ЕУ остане без вредности, тогаш е ништо!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk