ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Северна Македонија постигна значителен напредок во правната заштита на малцинствата, но потребни се подобри закони и политики

September 21, 2022 09:56
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Северна Македонија постигна значителен напредок во правната заштита на правата на припадниците на националните малцинства преку подобрување на нејзините политики во согласност со Рамковната конвенција, но практичното спроведување на правата мора да се подобри, вели Советодавниот комитет на Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства во новото мислење објавено денеска, јави дописникот на МИА од Стразбур.

Властите на Северна Македонија продолжуваат да ја применуваат Рамковната конвенција главно за националните малцинства наведени во Уставот (Албанци, Бошњаци, Роми, Срби, Турци и Власи), иако постои одредена флексибилност за непризнаените групи.

Ова, петто мислење на Советодавниот комитет за Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства се заснова на информации обезбедени од владини и невладини извори, вклучително и оние добиени за време на нивната посета на земјава во ноември 2021 година. Мислењето е објавено заедно со коментарите на македонските власти. Резимето на петтото мислење е достапно и на македонски и албански јазик.

Така, Советодавниот Комитет на Советот на Европа упатува неколку препораки до земјата насочени кон натамошно зајакнување на еднаквоста и борбата против дискриминацијата, заштита на националните малцинства од непријателство и насилство, промовирање на нивните култури, подобрување на нивното образование и застапеност во медиумите, како и јазични права и труд и правата за домување.

Додека меѓуетничките односи се подобрија, етничките и јазичните линии на поделба излегуваат на површина во време на криза. Одржливоста на стратегијата „Едно општество за сите“, се посочува, бара ефективен интеркултурен пристап, посилна политичка поддршка на високо ниво и солидно финансирање.

Комитетот изразува жалење што мешаните средини во училиштето и во училницата остануваат исклучок. Треба да се имплементира интеркултурен пристап, кој вклучува обука на наставници и ученици за културите и историите на различните малцинства и поредовен контакт меѓу учениците од различно етничко потекло.

Правната рамка за борба против говорот на омраза и криминалот од омраза повторно е подобрена, но, се наведува, спроведувањето останува слабо, а говорот на омраза, особено на интернет, е сериозен проблем. Има неколку случаи на прекршување на човековите права од страна на полициските сили и ретко се преземаат санкции против припадници на полицијата. Затоа, македонските власти се повикуваат да се погрижат, злосторствата од омраза и говорот на омраза соодветно да се истражат и да се зајакнат механизмите за следење на полициското однесување.

И покрај умереното зголемување на стапките на упис и падот на посетувањето во специјалните училишта, децата Роми продолжуваат да постигнуваат значително пониски образовни резултати. Властите треба цврсто да се борат против де факто сегрегацијата на училиштата преку зголемување на запишувањето на децата Роми во предучилишно образование и преку подобрување на нивниот пристап до квалитетно образование. Членовите на ромската заедница треба да имаат пристап до бесплатни здравствени услуги гарантирани со закон и особено внимание треба да се посвети на пристапот до услугите и информациите за репродуктивното здравје за жените Ромки.

Имплементацијата на законот за употреба на јазиците, понатаму се посочува, открива значителен јаз меѓу амбициите на Законот за употреба на албанскиот јазик и конкретната ситуација во администрацијата и судовите. За да се поправи ова, потребни се значителни инвестиции во обука и регрутирање на преведувачи и двојазичен персонал.

Властите, исто така, се повикани да го зајакнат социо-економското учество на припадниците на националните малцинства кои живеат во руралните области преку инвестирање во инфраструктурата и во можностите за вработување на младите кои припаѓаат на малцинствата.

Во ова петто мислење, не се споменува на ниту едно место бугарското малцинство во земјата, кое според договорот меѓу Скопје и Софија треба да биде внесено во македонскиот Устав.

Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства е најсеопфатниот европски договор за заштита на правата на лицата кои припаѓаат на националните малцинства. Тоа е првиот правно обврзувачки мултилатерален инструмент посветен на заштитата на националните малцинства во светот. Неговата имплементација ја следи Советодавниот комитет составен од независни експерти. Влезен во сила на 1 февруари 1998 година, договорот денес се применува во 39 држави. 

Next Post

Борел на неформална средба со регионалните лидери од Западен Балкан

НАЈНОВО

Мониторинг на ЦИВИЛ: РИА Новости – координатор на руските дезинформации во земјава и регионот

August 29, 2025

Велика Британија им забрани влез на израелски делегати на саем за одбранбена техника во земјата

August 29, 2025
Фото: МИА

Клековски: Нема ниту една пријава за непотребна операција, ги повикуваме пациентите да поднесат претставки доколку се сомневаат

August 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Вереничкот прстен од Тејлор Свифт. Фото: Инстаграм Тејлор Свифт

    Колку „тежи“ венчалниот прстен што го доби Тејлор Свифт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реконструкција на Владата – Дали ВМРО калкулира со ДУИ зад кулисите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сопругата на Брус Вилис открива зошто донела тешка одлука да го пресели сопругот во друга куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Клековски: Нема ниту една пријава за непотребна операција, ги повикуваме пациентите да поднесат претставки доколку се сомневаат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Медведев парично казнет за инцидентот на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk