ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Петровска на Школата за политики: Најголемата придобивка од членството во НАТО е сигурноста што граѓаните ја чувствуваат

September 24, 2022 10:10
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска во Охрид одржа предавање на Школата за политики, дел од Претседателскиот центар за политичко образование, на тема „Актуелните безбедносни предизвици и перспективи од членството во НАТО во време на војна во Украина“, на кое се осврна на придобивките за Северна Македонија од членството во НАТО, како и хибридните и сајбер заканите, вклучувајќи ги и дезинформациите како безбедносна закана.

„Најголемата придобивка од членството на Северна Македонија во НАТО е сигурноста и безбедноста што нашите граѓани денеска ја чувствуваат, знаејќи дека се дел од едно големо семејство кое се грижи за заедничката, колективната безбедност. Секоја педа од нашата земја е под заштита на колективната одбрана и тоа носи сигурна и просперитетна иднина“, рече министерката и потенцираше дека тоа е резултат на храбри и тешки, но исправни одлуки.

 Оваа година, истакна Петровска, ја покажа суровата реалност дека војната на европско тло не е минато и дека мирот не е загарантиран. Затоа, развојот на одбранбените капацитети е неопходност, а градењето на отпорност мора да биде наш приоритет во континуитет.

 Министерката Петровска во предавањето се осврна и на хибридните и сајбер закани за кои рече дека се сè посериозна закана за сите развиени општества, а ги спомена и зголемениот број сајбер напади врз државните институции, невладините организации и централните банки, соопшти Министерството за одбрана. 

 Дезинформациите, порача министерката, имаат потенцијал да ја поткопаат општествената кохезија и да создадат поделби и ослабување на земјите однатре и затоа потребно е да работиме на развој и имплементација на политички и неполитички алатки со кои ќе се спротивставиме на овие штетни појави.

Во едночасовната дискусија со триесетината млади професионалци, активни учесници во општествениот и политичкиот живот во државата, министерката одговори на голем број прашања за регионалната безбедност, модернизацијата и опремувањето на Армијата.

Next Post

 Народната банка: Војната во Украина и неизвесноста што ја носи за домашната економска активност и инфлацијата се фактори на ризик што може да влијаат врз пазарот на недвижности

НАЈНОВО

Д-р Трајановски: Ќе поднесам оставка ако не ги започнам трите клучни проекти во првата година, дали Митески е спремен да го вети тоа

October 27, 2025

Герасимовски: Немаат понуда, ќе победиме и покрај лагите и притисоците

October 27, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

ФК Аеродром: „Го осудуваме насилството во Слупчане, фудбалот мора да остане спорт на фер-плејот“

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Синдромот на „Газиместан“ ја тресе политичката сцена на Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk