ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

 Народната банка: Војната во Украина и неизвесноста што ја носи за домашната економска активност и инфлацијата се фактори на ризик што може да влијаат врз пазарот на недвижности

September 24, 2022 11:05
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Обемот на трансакции со недвижности во 2021 година значително го надмина претпандемичното ниво, а растот на цените на становите забрза и е над долгорочниот просек и долгорочниот тренд. Цените на становите во текот на 2021 година пораснаа за 6,1 процент, при што растот е позначителен од второто полугодие на годината. Стапката на раст на цената на становите во домашната економија е малку пониска од просекот за Европската Унија којшто изнесува 8,3 отсто, се наведува во Извештајот за финансиската стабилност на Народна банка.

Од НБРСМ, осврнувајќи се на Извештајот, посочија дека растот на цените на становите во еден дел е одраз на факторите на страната на понудата, како што се зголемените трошоци на градежните материјали и ефектите од пандемијата врз понудата на станови во претходната година, пренесува МИА.

– Имено, поради пандемијата беа одложени дел од градежните работи, па се намали понудата на завршени станови во 2020 година, којашто веќе во 2021 година бележи раст. Значителен раст бележи и бројот на издадени одобренија за градење, што упатува на натамошен раст на понудата и во следниот период, во услови кога бројот на непродадени станови исто така расте, истакна од НБРСМ.

Оттаму посочија дека и во 2021 година, се бележи солиден раст на станбените кредити, како еден од изворите за финансирање на трансакциите со недвижности, што придонесува за одржување на побарувачката на овој пазарен сегмент.

– Станбените кредити во текот на 2021 година пораснаа за околу 14 проценти во просек. Поволните услови на финансирање при ниски каматни стапки, како и пониската ризичност на станбените кредити (коишто се со најниска стапка на нефункционални кредити од 0,6 отсто) се фактори што придонесуваат за раст на станбеното кредитирање на домаќинствата, додадоа од НБРСМ.

Од Народна банка наведоа дека движењата на пазарот на недвижности засега не упатуваат на сериозно зголемување на ризиците за финансиската стабилност поврзани со тој сегмент, но, оценија дека е потребно внимателно следење.

– Сепак, војната во Украина и неизвесноста што ја носи за домашната економска активност и инфлацијата се фактори на ризик што може да влијаат врз пазарот на недвижности во следниот период. Народната банка и во следниот период будно ќе ги следи состојбите на пазарот на недвижности и ризиците поврзани со него, а подготвена е и за натамошно преземање соодветни макропрудентни мерки, доколку се оцени дека е потребно за зачувување на финансиската стабилност, потенцираа од НБРСМ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

(ВИДЕО) Вимблдон: 11 историски моменти кои никогаш нема да се заборават

July 1, 2025

Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

July 1, 2025
Фото: Jasin Boland/Universal Pictures and Amblin Entertainment

(ВИДЕО) Скарлет Јохансон и Џонатан Бејли ја „препородуваат“ франшизата „Jurassic World: Rebirth“

July 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    (ВИДЕО) Голема сензација на Вимблдон: Отпадна третата тенисерка на светот за само 58 минути

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Српскиот свет“ и Кина во извештајот за Македонија – ЕП го засилува тонот кон Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Одамна мртов сателит на НАСА емитува силен радио сигнал, збунувајќи ги астрономите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk