ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

А бе стока народ сме!

October 2, 2026 09:17
in ZOOM IN, ОПШТЕСТВО, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: НИКОЛА СПАСОВ

Од секогаш ми била фасцинантна потребата секој конкретен проблем во државата да го претвориме во колективна дијагноза, односно колективна одговорност.

Ако има ѓубре по улиците првата реакција е – а бе стока народ сме. Некој паркирал на тротоар – Нема бе не се оправаме. Државата не функционира – сите ние сами сме си криви. Триесет години не сме направиле ништо – овци сме, кој стигне нè стриже.

Ова на прв поглед изгледа како самокритика, а всушност е совршено бегство од конкретна одговорност.

Ако има ѓубре тоа значи дека некој фрлил, некој не го собрал, некој не контролирал, некој не казнил. Со муабетот „а бе стока народ сме“, ги амнестираме сите овие кои не постапиле и се конкретно одговорни.

Сѐ додека, наместо индивидуална одговорност, вината ја генерализираме на целиот народ, одговорност и промени нема да има.

Интересно е што истата работа со години ја гледам и во бизнисот. Некој имал јасна задача и не ја завршил. Прашуваш што се случило и почнува оправдување: не било јасно кажано, друг задоцнил, а бе и клиентот не знае што сака. Неверојатно со која тежина се прифаќа лична одговорност и се доживува како пораз.

Во реалноста, признавање или прифаќање на лична одговорност не значи неспособност. Напротив, тоа е доказ за зрелост и подготвеност да се подобриш. Признавањето лична одговорност е предуслов за личен развој и напредок и една од најценетите карактеристики.

Кај нас толку се изместени овие вредности, што признавањето грешка или прифаќање одговорност се третира како слабост. Ако четворица никогаш не признаваат ништо, а петтиот редовно ја презема својата одговорност, тој петтиот на крај ќе изгледа најнеспособен. И нормално, по некое време ќе престане и тој. Не е будала.

Овој проблем веќе не е прашање на карактер туку на дефект на целиот систем на вредности. Ако оној што признава грешка плаќа цена, а оној што успешно ја префрла вината поминува подобро, системот произведува експерти за оправдување. Тоа важи за фирма, институција и цела држава. И тоа е реалноста во која живееме.

За крај, одговорноста мора да ја следи моќта и овластувањето.

„Ние 30 години ја уништуваме Македонија.“ Кои ние? Човек што пред 30 години имал десет години и човек што бил министер имаат иста одговорност? Пензионер, премиер, судија, директор и продавачка во маркет имаат иста моќ врз тоа како функционира државата?

Функционалните држави не функционираат затоа што Германците, Данците или Швајцарците се произведуваат во некоја фабрика. Луѓето се луѓе: ќе бидат себични, ќе грешат, ќе пробаат да го заобиколат правилото и ќе бараат полесен пат кога можат. Го правеле тоа и таму порано.

Разликата е што добриот систем создава правила, контрола и јасна одговорност. Кај нас тоа не постои и трагедијата е што сѐ повеќе назадуваме на ова поле.

Затоа, кога следен пат ќе се заебе нешто дебело, треба малку помалку да филозофираме за тоа каков народ сме и едноставно да прашаме: кој беше одговорен?

 


Фронтлајн | идеи на првата линија

Shortcut

Најново

А бе стока народ сме!

October 2, 2026

Руска пропагандна мрежа под удар на АНБ: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026
Урсула фон дер Лајен, 16 септември 2026 (фото: ec.europa.eu)

Фон дер Лајен доаѓа во Скопје, Мицкоски нуди дијалог: Уставните измени остануваат клучниот чекор кон ЕУ

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

September 30, 2026

Антитерористичка акција во Скопје, петмина приведени, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

    „12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нема добар ПР за лоша политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Градот останува, животот исчезнува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk