Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Отсуството на чувството за време кај моите сонародници е нешто за што во апстрактна смисла им се воодушевувам. Но друга е приказната кога се во прашање договорени средби, судири, состаноци итн. Ми се чини дека јас сум единствениот точен Македонец. Што ме фрла во сомневање дека не сум. Мислам – Македонец.
Или, земете го односот кон општите односно националните и државни работи. Вмро им направи од последните триесет и шест години балон и го напумпа со комитски прдежи и пувежи, а светската медицина не може да пронајде тројца Македонци кои ги боли курот за тоа.
И по таа линија јас не сум Македонец.
Или, ако јас сум, тие не се.
Тоа е.
Еве, да шарнам две-три реченици за европската приказна: Стара бугарска организација на револуционерни фото-модели и манекени, која како власт во Македонија преку политичката концептуализација на митот за себе им покажува на Македонците колку нивната претстава за таа инсталација е погрешна и смртоносна, и – ништо. Времето тече ли тече, Македонецот си шета со славенички карвани и ужива во топло пиво и полутрајни кобасици со праз.
Таа организација упати нота во која бара министерска средба во која сакаат да чујат од бугарската страна што уште треба да направат за да биде Македонија тоа што некогаш била. Била, па не била и сега Бугарите од двете страни се на мислење дека ако оние од Софија притискаат, а овие од Скопје не се даваат, ќе успеат да ги вратат старите добри времиња.
Вистина, некој благ сомнеж почна да се јавува, демек да тиња меѓу талогот, но сосема е јасно дека Македонија три пати ќе стане бугарска додека таа вознемиреност да се оформи во јасно артикулиран отпор.
А време нема.
Мислам, тие имаат, ние немаме.






