На регионалниот пат Р-1105, во правец на крстосница Богданци – село Фурка, утрово во 00.15 часот, полициски службеници од Полициската станица Кратово го лишиле од слобода С.С.(20) од кратовското село Туралево, кратовско, кој во „фолксваген туран“ превезувал лица мигранти.
На 25.09.2022 во 17.45 часoт полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Стар Дојран, информираа од МВР, го забележале С.С. како возилото со кумановски регистарски ознаки, превезува лица мигранти.
Полициските службеници успеале да го стигнат, по што тој и неколку мигранти побегнале од местото, а во возилото биле пронајдени три лица мигранти од Сирија. Увид на местото извршиле инспектори од Одделението за прекуграничен криминал Гевгелија и екипа од Полициската станица Гевгелија. По преземени мерки и активности од страна на полициските службеници, возачот бил пронајден и приведен во полициска станица, се наведува во соопштението од МВР.
Во координација со Јавен обвинител, по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.