ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Рау: Полска е за конвенционален, но уништувачки удар од НАТО, доколку Русија употреби нуклеарно оружје во Украина

September 28, 2022 14:07
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

На евентуална руска употреба на нуклеарно оружје во Украина, НАТО би требало да одговори со конвенционален, но, уништувачки удар. Ова за американската телевизија „Ен-би-си“ го изјави шефот на полската дипломатија Збигњев Рау.

Колку што ни е познато, претседателот на Русија, Владимир Путин се заканува дека ќе употреби тактичко нуклеарно оружје на територијата на Украина, а притоа не го напаѓа НАТО. Што значи дека НАТО е должен да одговори на конвенционален начин, но, така што одговорот ќе биде разорувачки. И мислам дека сега НАТО ѝ праќа на Русија таков сигнал, смета Рау, пренесуваат денеска дел од полските медиуми.

Мобилизацијата во Русија, шефот на полската дипломатија ја означи како доказ дека Путин доживува пораз во својата војна. А, со тоа што на фронтот праќа необучени и слабо опремени регрути, нема да го промени нејзиниот тек.

Полскиот министер предупреди дека дефектот на двата руско-германски гасовода во Балтичкото Море, близу данските територијални води, Северен поток еден и два, лесно може да биде саботажа. Како што тој оцени, за некој да ги заплаши земјите на брегот на Балтикот, бидејќи сите, освен Русија, се веќе членки или ќе бидат примени во НАТО.

Експлозиите во Балтичкото Море исто така го одвлекуваат вниманието на меѓународната јавност од војната во Украина. Кога ќе ги составиме сите елементи, не можеме да ја исфрлиме тезата оти тоа може да биде елемент на хибридната војна на Русија против НАТО, истакна Рау во дебата во Центарот за стратешки студии во Вашингтон, јави полското радио.

Полското Министерство за надворешни работи очекува независна истрага за дефектот и истекувањето гас од Северен поток еден и два. Портпаролот на МНР, Лукаш Јасина нагласи дека дотогаш секој треба да си ги одмери зборовите и тоа поради твитот на поранешниот шеф на полската дипломатија и некогашен претседател на Сејмот на полскиот парламент, Радослав Шикорски, кој за несреќата, што го израдувала, им се заблагодари на САД.

Од твитот на Шикорски остро се огради и полската Влада, но и неговите опозициски партиски колеги, а беше обвинет и дека ѝ помага на руската пропаганда.

„Крајна неодговорност“, беше реакцијата на твитот на координаторот на тајните служби во Полска, Станислав Жарин.

Пратеникот во Европскиот Парламент на владејачките полски конзервативци, поранешен министер за внатрешни работи, Јоахим Бруџињски изрази надеж дека станува збор за „алкотвит“ на Шикорски.

Корисен идиот или руски агент? Прашањето го оставам отворено. Сакам да верувам дека тоа е само алкотвит, подвлече Бруџињски.

За полското радио, поранешниот министер за одбрана Томаш Шемјоњак, кој е од опозициската Граѓанска платформа, како и Шикорски, изјави дека „во Европа имаме војна. Какви било обвинувања мора да бидат поткрепени со докази. Кој тоа го сторил, нека спроведат истрага тие кои се надлежни, а тоа е Данска. Дотогаш треба да се биде внимателен“.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Сезонава без Суперлига во македонското кошаркарско првенство

НАЈНОВО

Знае ли Мицкоски дека Тошковски го демантираше за странските служби и центри на моќ, прашува СДСМ

September 15, 2025

Полска урна дрон над зградата на владата во Варшава

September 15, 2025

Крвава драма во Велес: Маж уби жена и нејзиниот татко, па се самоуби

September 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стеваноски реагира: Полицајци во цивил од Скопје се однесуваат насилнички и застрашувачки во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Старата чаршија до младинските центри: Меџити ја претставува визијата за Чаир во интервју за Фронтлајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk