ВМРО тендерска ДПМНЕ удира по џебот на граѓаните во време на најголема светска економска криза. Градоначалникот Борче Јовчевски и советниците од ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп ги поскапеа комуналните услуги за дури 67 %, јавниот превоз за 50 % и водта за 23 % во ек на криза, истакна на денешната прес-конференција пратеникот на СДСМ од Прилеп, Миле Талевски.
Тој нагласи дека повеќе од 11 часа, советничката група на СДСМ и коалицијата се бореше за интересите на граѓаните, преку амандмани и барања за повлекување на точките го бранеше економскиот стандард на жителите на Прилеп.
Но ВМРО-ДПМНЕ со мнозинството во Советот донесе одлука комуналните услуги и јавниот превоз во Прилеп значително да поскапат, истакна Талевски.
„Неспособноста на директорите од редовите на ВМРО-ДПМНЕ кои очигледно брцале со рацете во медот, ги доведе јавните претпријатија до колапс. Сега, таа неспособност треба да ја плаќаат граѓаните на Прилеп. Никаква промена нема во ВМРО-ДПМНЕ, партијата предводена од Мицкоски не се грижи за граѓаните, туку важни ѝ се само интересите на одредени бизнис групи. Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ се најголемо разочарување за граѓаните“, потенцира пратеникот на СДСМ Миле Талевски.