Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски го посети седиштето на ЕВРОПОЛ во Хаг. Како што објави Спасовски на неговиот фејсбук профил, ова е прва посета на министер за внатрешни работи од земјава на седиштето на ЕВРОПОЛ.
– На мое посебно задоволство, со Извршната директорката на ЕВРОПОЛ, Катрин Де Бол, заеднички договоривме да ја интензивираме соработката и поддршката на МВР во делот на компјутерскиот криминал и во делот на економскиот криминал и финансиските истраги во наредниот период, објави министерот Спасовски.
Остануваме посветени на интензивирање на меѓународната соработка, пишува Спасовски и додава дека се отворени за унапредување на полициската соработката како со ЕВРОПОЛ, така и со сите други агенции за спроведување на законот ширум светот.