„Во текот на вчерашниот ден (29.09.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 209 возачи. Од нив 11 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 104 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 105 надвор од населено место“, информираат од МВР.
Како што нагласуваат, засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.
МВР Апелираат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.