ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Тренчевска: Дневниот центар за деца со попреченост во Липково ја потврдува успешноста на социјалната реформа

October 3, 2022 14:26
in ДЕНЕС, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter
Специјализираниот Дневен центар кој пружа услови за деца со попреченост во липковското село Оризаре функционира успешно, оцени денеска министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска која со градоначалникот на Општина Липково, Еркан Арифи, го посети Центарот.

Според надлежните, напредокот на децата со попреченост е забележителен и е плод на професионалната поддршка и рехабилитација која ја добиваат и децата и нивните семејтва. По приближно една година од добивањето на дозволата за вршење дејност од областа на социјалната заштита, во современиот Дневен центар на дневно ниво престојуваат 14 деца, а центарот има капацитет да прими 38 деца со попреченост од липковско. Воспоставувањето на оваа социјална услуга и работата на овој Дневен центар се дел од проектот за подобрување на социјалните услуги што го имплементира Министерството за труд и социјална политика, со поддршка од Светска банка.

Многу ме радува што гледам дека овој центар работи успешно и што навистина имаме неверојатен напредок кај децата кои престојуваат овде. Му честитам на целокупниот персонал кој со својата посветена и стручна работа се грижат и овие деца со попреченост кои живеат во помалите населени места да добијат еднакви можности да се интегрираат во образовниот и општествениот живот. Тоа се совпаѓа со заложбите на Владата и на Министерството, како и со основните цели на социјалната реформа, а тоа е да се овозможи пристап до неопходните социјални услуги на сите оние на кои тие им се потребни, вклучувајќи ги најранливите групи во општеството, како и оние што живеат во руралните и оддалечените места во државата. Востанувањето и успешното функционирање на овој центар е најдобар показател дека социјалната реформа е успешна, изјави министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

Со центарот управува здружението „Имаго плус“, чии вработени, поседуваат лиценци за ваков вид дејност, Тие преку индивидуален пристап, обезбедуваат професионален и стручен третман за нега и рехабилитација на секое дете во центарот, подготвуваќки ги успешно да се интегрираат во образовниот и општествениот живот. Услугата што ја добиваат децата во овој центар предвидува индивидуална, групна и окупациска терапија која на децата им помага да го зачуваат и унапредат своето здравје, да го поттикнат нивниот интелектуален, емоционален и социјален развој. Покрај тоа, во овој центар се спроведуваат и стручни советувања и работилници за поддршка на родителите на децата.

Липково беше една од општините која, во партнерство со здружението „Имаго плус“, аплицираше на првиот јавен повик и доби средства од Проектот за подобрување на социјалните услуги, што овозможи да се воспостави и развие услугата нега за децата со попреченост кои живеат на територијата на оваа општина.

Благодарение на блиската соработка со Министерството за труд и социјална политика и „Имаго плус“ успеавме, по повеќе од десет години, да го завршиме и активираме овој центар, со што и децата со попреченост од нашата општина почнаа да добиваат современ третман и неопходна грижа која секако ја заслужуваат. И покрај ограничените финансиски средства што ги имаме како рурална општина, а кои во услови на енергетска криза се повеќе се намалуваат, ние и понатаму на секаков можен начин ќе го помагаме овој центар, овозможувајќи на тој начин негово непречено и успешно функционирање во полза на децата, рече градоначалникот на Општина Липково, Еркан Арифи.

Здружението „Имаго плус“, кое управува со Дневниот центар во Оризаре, има повеќегодишно искуство во работата со деца со попреченост. Од неодамна овој центар ги исполни неопходните услови, со што финансирањето на социјалните услуги кое досега се реализираше преку Проектот, во иднина ќе продолжи да се реализира преку системот за централно финансирање од државниот буџет.

Задоволни сме што како тим, преку стручен и професионален пристап и со поддршката што ја добиваме од надлежните институции на централно и локално ниво, уште во првата година од работата на центарот креиравме соодветни услови и можности за децата со попреченост од населените места во општина Липково. Досегашните резултати во работата, како и влегувањето во системот на централно финансирање од буџетот, дополнително нè охрабруваат да продолжиме да се развиваме и понатаму, со цел да им ја овозможиме најдобрата грижа и поддршка на децата“, истакна, претседателката на „Имаго Плус“, Земријет Бела Весели.

За негата, третманот и секојдневните активности на децата кои престојуваат во Дневниот центар во се грижи стручен тим составен од пет специјалисти, рехабилитатор и едукатор, логопед, психолог, социјален работник и физиотерапевт.

За нас како луѓе кои својот професионален живот го посветиле да им помогнат на оние на кои тоа им е најнеопходно, а посебно на децата со попреченост, претставува огромна сатисфакција кога ги гледаме плодовите од нашата работа. Среќни сме од досегашниот напредок што го постигнавме во работата со децата кои престојуваат во нашиот дневен центар и веруваме дека она што ќе го постигнеме овде заеднички ќе им помогне на децата да имаат успешен личен и професионален развој и квалитетен живот понатаму, објаснува координаторката на Дневниот центар, Аринета Нухија.

Во рамки на Проектот за подобрување на социјалните услуги, што е еден од инструментите за поддршка на социјалната реформа која ја спроведува Министерството за труд и социјална политика, досега се поддржани 22 проекти во 27 општини ширум земјата.

Најголем дел од овие проекти се наменети за помош и нега на стари лица во нивните домови, додека останатиот дел се за услугите: дневен престој за стари лица со активно стареење, дневен престој за деца со попреченост и рехабилитација, како и дневен престој, рехабилитација и реинтеграција на лица со попреченост и советување. За давање на овие социјални услуги досега се обучени и лиценцирани преку 300 лица, кои обуздуваат соодветна грижа за околу 700 корисници.

Next Post

МЖСПП ги проверува информациите дека кубен метар дрва се продава за 50 проценти повисока цена од пазарната

НАЈНОВО

Д-р Трајановски: Ќе поднесам оставка ако не ги започнам трите клучни проекти во првата година, дали Митески е спремен да го вети тоа

October 27, 2025

Герасимовски: Немаат понуда, ќе победиме и покрај лагите и притисоците

October 27, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

ФК Аеродром: „Го осудуваме насилството во Слупчане, фудбалот мора да остане спорт на фер-плејот“

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk