На територија на СВР Битола денеска во периодот од 07.00 до 11.00 часот е спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи при управување на товарни моторни возила.
Од МВР информираат дека се контролирани 107 возила при што осум возила се исклучени од сообраќај, а 14 товарни моторни возила се упатени во станица за технички преглед.
– Изречена е една мерка за возење под дејство на алкохол, санкционирани се двајца возачи за претовар на возилото, а при контролата санкционирани се и 11 останати прекршоци, соопштија денеска од МВР.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.