ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ковачевски на првиот состанок на Европската политичка заедница во Прага посветен на енергетската и економската криза

October 6, 2022 08:43
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Премиерот Димитар Ковачевски на покана на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и чешкиот премиер Петр Фиала денеска во Прага ќе учествува на првиот состанок на Европската политичка заедница заедно со лидерите од вкупно 44 земји, од кои 27 земји-членки на ЕУ, земји од Западен Балкан, Швајцарија, Норвешка и Исланд, како и Азербејџан, Грузија, Турција и Украина. На состанокот предвидено е да учествува и претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен.

Програмата на настанот содржи пленарни дебати и дискусии на тркалезни маси поврзани со актуелни прашања за енергетската и економската криза, снабдувањето со енергија и енергенси, како и дискусии врзани со климатските предизвици, но и мирот и безбедноста во контекст на руската воена агресија врз Украина, информираат од владината прес-служба.

На првиот состанок на Европската политичка заедница во Прага, Ковачевски ја предводи владината делегација во чиј состав се и министерот за надворешни работи Бујар Османи, како и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Ковачевски ќе учествува на пленарна сесија заедно со министрите Османи и Николовски, а потоа со лидерите на европските земји на тркалезната маса, посветена за енергетика и економија. Дополнително предвидени се и билатерални средби.

За време на посетата на Ковачевски заедно со премиерот на Украина Денис Шмихал, ќе присуствува на потпишувањето на договори помеѓу Република Северна Македонија и Украина поврзани со слободната трговија и обезбедувањето храна. Договорите ќе ги потпишат министерот Николовски и заменик-министерот за економски развој на Украина, Тарас Качка.

Премиерот ќе учествува и на Самитот на Партијата на европски социјалисти (ПЕС) каде учествуваат премиери од редовите на социјалдемократски, социјалистички и демократски партии.

Европската политичка заедница е платформа за политичка координација за европските земји ширум континентот, чија цел е да ги собере лидерите од европските земји во духот на еднаквоста и единството еднаш до двапати годишно. Домаќин на настаните ќе биде чешката влада, која во јули го презеде ротирачкото претседавање со Советот на Европската Унија, се наведува во владиното соопштение. 

Next Post

Мешовитиот парламентарен комитет во Стразбур: Потребен е консензус за евроатлантските процеси, земјата мора да остане посветена на реформите

НАЈНОВО

Трамп, европски лидери. Фото: Скирншот, АП

Што истакнаа Трамп, Зеленски и европските лидери на заедничкиот состанок

August 18, 2025

Николоски: На крајот од мандатот на оваа Влада, Македонија ќе биде лидер во инфраструктура во регионот

August 18, 2025
Фото: ВИ

(ВИДЕО) Трамп вели дека планира да му се јави на Путин по денешните разговори

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Потребни се предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Истражување: Витамините Б-2 и Б-7 ја ублажуваат Паркинсоновата болест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk