ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мешовитиот парламентарен комитет во Стразбур: Потребен е консензус за евроатлантските процеси, земјата мора да остане посветена на реформите

October 6, 2022 08:55
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Европскиот парламент во Стразбур продолжува со работа 20-от Состанок на Мешовитиот парламентарен комитет – Република Северна Македонија и ЕУ (Парламентарен комитет за стабилизација и асоцијација), кој првпат се одржува откако Северна Македонија  ги отпочна преговорите за членство во ЕУ.  Претставниците на европските институции, европратениците и македонските пратеници инсистираа на фактот дека почна нова фаза во односите меѓу ЕУ и Република Северна Македонија, а земјата мора да остане посветена на реформите и потребен е консензус за евроатлантските процеси, јави дописникот на МИА од Стразбур.

Македонските пратеници и европратениците на втората сесија на 20-тиот Мешовит парламентарен комитет – ЕУ и Северна Македонија ќе дебатираат за животната средина и енергетиката, добрососедски односи и регионална соработка, извештај за Дијалогот Жан Моне, за на крајот да бидат усвоени препораките. Вчера тие разменија мислења за владеењето на правото, борбата против организиран криминал и корупција и за Граѓанско општество и медиумите.

Европратеникот Андреас Шидер во своето воведно обраќање нагласи дека кредибилитетот на ЕУ е потврден со почетокот на преговорите со Северна Македонија и Албанија и дека заслужено се материјализираше заложбата и посветеноста на евроитеграцијата на земјата, но сега дека е најважен партискиот дијалог и меѓупартискиот консензус, кој може да се унапреди во рамки на активностите од Дијалогот Жан Моне.

Микела Матуела, вршителот на должноста директор за Западен Балкан во Генералниот Директорат за соседство и преговори за проширување на Унијата пред пратениците од двата парламенти рече  дека „со почетокот на преговорите односите меѓу Северна Македонија и ЕУ влегуваат во една нова фаза, а процесот на скринингот не е само технички, туку процес на трансформација“.

Постојаниот  известувач за Северна Македонија во Европскиот парламент Илхан Ќучук посочи дека „процесот на преговори е во сигурни раце и дека Северна Македонија ги заслужува сите пофалби за посветеноста на евроинтеграциите, регионалната соработка и добрососедските односи“.

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ во своето обраќање нагласи дека „Парламентот ќе биде клучен партнер во пристапувањето во Европската Унија, од кого ќе зависи динамиката на текот на преговорите, особено од улогата и активноста на неговите тела – Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции“.

Седумнаесет  години Северна Македонија го чекаше почетокот на преговорите со Унијата, сега мора да се има национален консензус и ќе дефинираме механизми за сите пратеници да се вклучат во процесот. Овој историски момент за исполнување на стратешката цел – Северна Македонија да биде членка на ЕУ и треба да го искористиме, рече Маричиќ пред членовите на Мешовитиот парламентарен комитет помеѓу Северна Македонија и ЕУ, нагласи вицепремиерот Маричиќ.

Маричиќ во своето обраќање ја претстави новата усвоена преговарачка структура, која е дефинирана да одговори на новата методологија и истовремено да овозможи транспарентност и инклузивност на процесот, за кој, рече дека е потребно вклучување и соработка со различни чинители како што се граѓанското општество, академската и бизнис заедницата и сите други засегнати страни.

Вицепремиерот Маричиќ ја потврди посветеноста на Владата во обезбедувањето непречен процес на преговори со Унијата паралелно со одржувањето на добрососедските односи и реализацијата на преземените обврски. Ги претстави и активностите кои Владата ги реализира во одредени поглавја и постигнатиот напредок, како и планираните активности во претстојниот период во продолжение на објаснувачките состаноци.

Пратеничката Соња Мираковска, копретседавач на Мешовитиот парламентарен комитет Северна Македонија-ЕУ, изрази задоволство што овој пат македонските пратеници учествуваат на состанокот, кога, како што рече, Северна Македонија има поинаков статус во евроинтеграциите, како земја која ги отпочнала преговорите за членство во ЕУ. Потенцираше дека тоа е благодарение на државничките одлуки и чекори кои беа преземени од страна на македонските институции во изминатите месеци.

Свесни сме дека пристапните преговори не се едноставна техничка операција, туку комплексен пакет на реформи, адаптација на институционалната инфраструктура и засилена информативна активност во јавноста за предностите од нивното спроведување, рече Мираковска. Таа додаде дека Собранието на Северна Македонија и секој од нив поединечно како пратеници, ќе вложат максимални напори како и досега, процесот да тече непречено и дека ќе дадат придонес во обезбедувањето соодветна јавна поддршка, преку јавни дебата и директни контакти со граѓаните кои ќе обезбедат донесување на што поквалитетни законски решенија, во областите предмет на овие преговори, изјави Мираковска.

Имајќи ги предвид реакциите во јавноста за содржината на Предлог-преговарачката рамка, Соња Мираковска потсети дека Собранието донесе заклучоци со кои се задолжува сегашната и идните влади да ги почитуваат „нашите црвени линии во текот на самиот процес на преговори“.

Европратениците и македонските пратеници се очекува на крајот од состанокот да усвојат заеднички препораки предложени заеднички од копретседателите на МПК, Соња Мираковса и Андреас Шидер.

Основна цел на МПК е разгледување на сите аспекти на односите меѓу Република Северна Македонија и ЕУ, особено имплементацијата на Спогодбата за стабилизација и асоцијација. Комитетот формално придонесува кон издигнување на повисоко ниво на односите и соработката на Собранието со Европскиот парламент, но неговата улога во Спогодбата налага обврска за Советот на ЕУ, Европската комисија и Владата на Република Северна Македонија за нивно целосно учество во неговата работа и редовно информирање на секој состанок на МПК за степенот на спроведување на Спогодбата.

Next Post

Дали Илон Маск ќе гласа за моите предлози за мир меѓу Украина и агресорите?

Shortcut

Најново

Фотографија: Unsplash

Младите бараат образование наместо оружје: Протести против планот на ЕУ за 800 милијарди евра за одбрана

November 20, 2026
Јана Коцевска

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

Тутунари, не дозволувајте грешките при пакувањето и чувањето да ви го намалат откупот

November 19, 2026
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова (извор: Wikipedia)

Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

November 19, 2026

Емил Цветанов: ВФМ мора да биде симбол на фер-плеј, чесност и еднаков третман

November 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спасовски: Изборот е направен, насоката е потврдена, продолжуваме по правиот пат во европска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мислете му ја!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk