ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Универзитетскиот институт за радиологија – Скопје доби бипланарен ангиограф

October 6, 2022 15:52
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО

Во Универзитетскиот институт за радиологија – Скопје денеска беше пуштен во употреба нов најсовремен бипланарен ангиографски систем за интервентни радиолошки процедури, според надлежните, единствен од ваков тип кај нас и во соседните држави.

Министерот за здравство, Беким Сали истакна дека апаратот од производителот Сименс е набавен со средства од Министерството за здравство во износ од 47 милиони денари.

Апаратот може да се користи за изведување на сите радиолошки, невролошки, кардиолошки  интервентни процедури. Во однос на карактеристиките на ангиографот, има врвен квалитет на слика, која овозможува прецизно снимање и безбедно изведување на најкомплексните процедури. Ангиографот нуди огромни можности за работа  преку најразлични процедури. Поседува врвни перформанси на прегледите и 3Д реконструкции, содржи голем софтверски пакети за анализа на прегледи преку боење, мерење, проценка, автоматска рекалкулација во реално време на 3Д реконструкции, редуцирање на зрачењето при изведување на процедурата и многу други опции, рече Сали.

Министерот потенцира дека во оваа здравствена установа има значително зголемен број на дијагностички процедури, во однос на првите шест месеци од минатата година, годинава има зголемување од 5000 дијагностички процедури, односно од 16.500 на 22.500 процедури.

Новина на која што работиме, рече Сали, е тоа што во системот „Бакс“ ќе создаваме клауд, односно систем кој што сите снимки ќе се прикачуваат, а ќе се читаат истовремено од кој било вработен од која било институција во државата.

Директорката на Универзитетскиот институт за радиологија – Скопје , Гордана Антулеска-Белческа истакна дека предностите на овој апарат се огромни – намалува манипулација, овозможува максимално скратување на процедурата, намалува зрачење, се добива 2Д приказ а потоа со софтверска обработка на податоците се добиваат 3Д real time приказ со прикажување не само на крвните садови, туку и најсофистицирани материјали.

На новинарско прашање за мотивирање на лекарите за да останат во земјава, Сали рече дека постојано имаат покачување на финансискиот дел кој што е дел од мотивацијата за правовремена, успешна и максимална посветеност на здравствениот кадар кон работното место. А, околу мотивирањето на млади радиолози да останат да работат во земјава, министерот се согласува дека не само ние туку и секоја држава се соочуваа со недостиг на радиолози затоа што, како што рече, радиологијата како специјалност, гранка не е голем предизвик за еден млад лекар да се посвети на радиологијата како што е анестезиологијата, педијатријата и останати гранки.

Во однос на чекањето резултаи од овој Институт и повеќе од два месеца  министерот истакна дека се соочуваат со потешкотии околу давање резултати затоа што, како што рече, пост-ковид периодот е многу тежок за секој здравствен систем.

Освен ковидот две години, пост-ковидот е пролонгирана криза во здравството затоа што сите компликации кои се случија кај пациент, сега почуваат да се манифестираат – задоцнување со дијагностика, заради ограничување на работа во здравствени  установи, непристапност на пациенти оти не оделе, и ред други причини предизвикаа листата на чекање да се зголеми. После завршување на одредени етапи во пандемијата, напливот на пациенти не можеше да се впива, односно да се систематизира навремено во која било здравствена установа. Го знаеме проблемот, сме се координирале како Министерство и како Институт и даваме решенија. Решението е купувањето нови апарати, рече Сали.

Прашан дали ќе има нови вработувања на Институтот за радиологија, министерот Сали рече дека во моментот на Институтот пет специјализанти се во процес на едукација, односно специјализација по радиологија.

Next Post

Ковачевски: Макрон ја потврди француската поддршка на евроинтеграцијата на Северна Македонија

НАЈНОВО

СДСМ одреди уште 11 кандидати за градоначалници

August 27, 2025

Петровска на конференција во Копенхаген: ЕУ мора да биде обединета, Украина заслужува мир и слобода

August 27, 2025
Фото: nis.rs

САД повторно ги одложија санкциите против српската нафтена компанија НИС

August 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

    „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алијанса за Албанците: Клеветите на ВМРО-ДПМНЕ повеќе не држат вода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Башким Бакиу: Скопје овој пат ќе го добие тоа што му припаѓа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Италијански фотограф ја направи највпечатливата фотографија на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Едно лице убиено при тепачка пред казино во Кавадарци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk