ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Коциќ: СДСМ осудува провокации од каков било вид, не поддржуваме отворање на клубови на ниту еден поддржувач и извршител на Третиот Рајх

October 7, 2022 14:15
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Ненад Коциќ

Ненад Коциќ

Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за правда веќе работи на нов закон за здруженија и фондации, за кој пратениците од СДСМ повикуваат да се разгледа преку широка јавна дебата и да се дојде до најдоброто решение преку инклузивен процес. Законот ќе биде во интерес на заштита на македонскиот идентитет, јазик и култура во иднина. Сите треба да се стремат на соработка, меѓусебно почитување и практикување на европските вредности. Не поддржуваме отворање на клубови на ниту еден поддржувач и извршител на Третиот Рајх.

Ова денеска го порача пратеникот од редовите на СДСМ, Ненад Коциќ на прес-конференција во Собранието.

СДСМ осудува провокации од каков било вид. Оваа земја почива на херојството на нашите предци и делата на македонската антифашистичка борба. За нас, значењето на антифашистичката борба е исклучителна, државничка и безвременска. Затоа, наша обврска е институционално да најдеме решение да ги затвориме овие прашања кои свесни сме дека иритираат, но уверени сме дека се спорадични и предизвикани од нечиј трет интерес. Бидејќи постојат поединци и партии кои сакаат нашите две држави да останат во вечен конфликт, кои нема да донесат ништо добро. Факт е дека нашите закони во овој дел имаат одредени недоречености за што се потребни законски промени, рече Коциќ.

Пратеникот нагласи дека СДСМ секогаш била на вистинската страна на историјата, за разлика од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ е партија која во својот статут има континуитет со Ванчо Михајлов, сојузникот и извршител на Третиот Рајх, го велича неговиот лик и дело. Оттука, ВМРО-ДПМНЕ прво треба да си го промени својот партиски статут, да си расчисти во самата партија за се, па потоа да поднесува закони. Лицемерно, безобразно и дрско е ВМРО-ДПМНЕ, партијата која идеолошки е поклоник на луѓето кои биле извршители на Третиот Рајх, да ја обвинува СДСМ, партија која е единствен наследник и поддржувач на вредностите на народноослободителната борба во државата, потенцира Коциќ.

Според него, СДСМ ја покажува вистинската заштита и одбрана на македонскиот идентитет, јазик и посебност секој ден, во Брисел, Вашингтон и во целиот свет.

Ние не поддржуваме провокации од која било страна, дали доаѓаат од надвор или внатре. Инаку, Министерството за правда веќе неколку месеци најавува предложување ваков закон. Затоа велиме дека е добро инклузивно да работиме и заеднички со пратениците се вклучат во донесување на ваков закон, рече Коциќ.

Прашан како СДСМ ќе се постави во однос на иницијативата за референдум што денеска претседателот на Левица, Димитар Апасиев ја достави до собраниската архива, Коциќ рече дека се уште не ја разгледале, меѓутоа според него владејачкото мнозинство гласаше за заштита на македонскиот јазик, идентитет и култура во процесот на преговори со ЕУ.

Иницијативата прво треба да ја видиме, сè уште не е стасана до нас. Она што го знам е дека во ова Собрание мнозинството, и ние како СДСМ, гласаше за заштита на македонскиот јазик, идентитет и култура во процесот на преговори со ЕУ. Станува јасно дека сè што прават Мицкоски и Апасиев е да се препречи нашиот пат кон ЕУ. Друга желба и интенција нема. Инаку секое изјаснување, нормално е демократско, заклучи Коциќ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Европската Унија додели 50 милиони евра за вработување на млади во Албанија

June 4, 2025

Уставен по најавата за интерпелација на Костадиновски: Судот останува на ставот дека институтот „интерпелација” не се однесува на уставните судии

June 4, 2025

Димитриеска-Кочоска: Растoт на БДП е најрелевантен показател за политиките што ги спроведуваме, проектираните 3,7 отсто се остварливи за оваа година

June 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа: РИБАРО. Генерирана со ВИ

    Петта економија во Европа: Ни љубоморат, затоа не нè примаат во ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кинеската не толку „мека моќ“: Тивкиот партнер во војната на Путин

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Све је исто, само њега нема“ – Мицкоски ја презема „штафетата“ од Груевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Популарната теорија за судбината на нашата галаксија можеби е погрешна, велат астрономите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ имаат туторски пристап кон Албанците?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk