ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Германската министерка Бербок: Иран е на погрешната страна на историјата

October 9, 2022 11:58
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок остро го критикуваше иранското раководство за бруталното задушување на протестите поради смртта на една жена приведена поради непочитување на исламскиот кодекс на облекување, јави ДПА.

„Секој кој тепа жени и девојки на улица, киднапира луѓе кои не сакаат ништо друго освен да живеат слободно, самоволно ги апси и ги осудува на смрт, е на погрешната страна на историјата“, рече Бербок во интервју за весникот „Билд ам зонтаг“, објавено денеска.

Според неа, Европската унија ќе воведе забрана за влез на лицата одговорни за задушување на протестите и ќе им го замрзне имотот во Унијата.

Иран со недели е зафатен од протести по смртта на 22-годишната Махса Амини, која беше приведена од полицијата за морал во Техеран поради кршење на строгиот кодекс на облекување на жените во земјата. Не е јасно што ја предизвикало смртта на Амини. Критичарите ја обвинуваат полициската бруталност, но властите инсистираат дека таа починала од срцева слабост.

По смртта на Амини, имаше протести низ целата земја, а и на меѓународно ниво, против иранското раководство и особено против џихадот. Протестите во Исламската Република стануваат се поинтензивни и траат веќе четврта недела, а според набљудувачите се зголемува нивото на граѓанска непослушност.

„Повиците на луѓето на улиците на Иран за самоопределување се оглушувачки“, вели Бербок.

Безбедносните сили одговорија на протестите со крваво задушување, како што е наведено, со десетици убиени и голем број повредени.

Next Post

Млади активисти преку повик на Фејсбук изградија куќа на семејство во социјален ризик

НАЈНОВО

Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз

October 25, 2025

Каш Пател за апсењата во НБА: Уапсени зашто се поврзале со Коза Ностра, а не како одмазда од Трамп

October 25, 2025

Нема истекување на линдан во ОХИС, уверува Министерството за животна средина

October 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk