Полициски службеници од ОВР Прилеп вчера во 19:45 часот на ул.„Ило Полутешка“ во Прилеп го лишиле од слобода прилепчанецот А.Р.(21).
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, тој бил затекнат при извршување кражба од домот на Г.К. во Прилеп.
– Кај него бил пронајден паричник со пари и лични документи, кој бил вратен на сопственикот. Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, посочуваат од МВР.