Повеќе од 20 лица, меѓу кои и деца, се пренесени во неколку болници откако дошло до истекување на јаглерод моноксид во градинка во Алентаун, град во американската сојузна држава Пенсилванија.
Пожарникарите први пристигнаа на местото на инцидентот по дојавата дека едно од децата останало без свест, изјави капетанот Џон Кристофер. Кога пристигнале пожарникарите, веднаш биле активирани нивните монитори за јаглерод моноксид во атмосферата и евакуирани се 25 деца и 8 вработени во градинката.
Хоспитализирани се 27 лица, повеќето деца.
Поголем дел од хоспитализираните се деца, изјави Кристофер за Ен Би Си Њуз, додавајќи дека сите пациенти се наоѓаат во стабилна состојба.