Во товарно возило во близина на Валандово синоќа пронајдени се 44 мигранти од Сирија од кои 14 малолетници. Мигрантите биле скриени во специјално направен бункер во возилото.
Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека возачот С.Л. (23) од демирхисарското село Сопотница е приведен, а мигрантите се спроведени во прифатно-транзитен центар.
Во координација со јавен обвинител, по целосно документирање на случајот против возачот ќе биде поднесена соодветна пријава.