ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бесими: Издвоивме најмногу средства за мерки како процент од БДП во регионот, во борбата со енергетската и ценовната криза

October 12, 2022 10:44
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, КОМЕНТАРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Од почетокот на енергетската и ценовната криза, Владата имаше најсилен фискален одговор во регионот, дури за неколку пати посилен во однос на останатите земји од Западен Балкан, што беше нотирано и од Светска банка. Но, борбата против кризата не се само мерките, таа се води на повеќе нивоа. Покрај пакетите антикризни мерки, се преземаат мерки за финансиска одржливост и задржување на стабилноста, како и реформи во јавните финансии кои ќе придонесат за подобар систем на јавни финансии, кој ќе го забрза растот по кризата, пишува во својата најнова колумна министерот за финансии Фатмир Бесими. 

Тој посочува дека преку владините политики мора да се балансира, од една страна да се зачува економската активност во позитивната зона, како и социјалната стабилност, а од друга страна да се зачува макроекономската стабилност, од аспект на долгот и инфлацијата.

Нашата борба против кризата се состои од три компоненти. Прво, тековно справување со кризата и заштита на најранливите категории на граѓани и фирми. Второ, обезбедување на фискална одржливост и со тоа задржување на макроекономската стабилност. Трето, напоредно спроведување на реформи и поставување на нов и подобар систем на јавни финансии, кој по заздравување на економијата ќе придонесе кон забрзан економски раст, посочува Бесими.

Министерот за финансии истакнува дека на почетокот на кризата, за да се успори прелевањето на инфлаторните притисоци се преземал пакет на мерки од 400 милиони евра, кои потоа биле надополнети со мерки во ребаласнот на буџетот и како трет сет на мерки е најновиот пакет од 360 милиони евра, кој беше презенетиран пред неколку дена.

Од почетокот на енергетската и ценовната криза, нашата Влада даде најенергичен одговор во регионот на Западен Балкан, кој согласно проценките на Групацијата на Светска банка изнесува околу 5 отсто од БДП. Станува збор за поддршка во вид на субвенции, социјална заштита, даночни ослободувања и поддршка на домашните енергетски компании. За споредба, кај Србија таа изнесува 2,5 проценти од БДП, Косово со околу 2,1 отсто, Албанија 1,4 отсто, Босна и Херцеговина 0,5 отсто и Црна Гора 0,1 отсто, пишува Бесими.

Покрај антикризните мерки, во насока на фискална одржливост, Владата донесе и план со кој ќе се намалат трошоците на буџетските корисници, а воедно и ќе се подобри наплатата на приходи во буџетот.

Во рамки на планот е содржана консолидација на трошоците за плати преку рационализација и оптимизација на вработените во јавниот сектор врз основа на функционалната анализа, како и реорганизација на начинот на извршување на работните обврски во зависност од нивната природа и воспоставување работа од дома, до 30% од вработените, со нивно ротирање, без да се наруши редовното функционирање на институцијата. Понатаму, предвидена е консолидација на расходите за стоки и услуги, преку штедење на режиски и патни трошоци и канцелариски материјали. Едновремено ќе продолжи да се работи на подобрување на наплатата на давачките преку понатамошно унапредување на даночната регулатива во насока на оптимизација на даночниот систем, како и зајакнување на капацитетите за прибирање на јавните приходи и за забрзана наплата на приходите од даночните и царинските должници, пишува министерот за финансии во колумната. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

41. Скопски Џез Фестивал, со свежа, актуелна и возбудлива програма

НАЈНОВО

Скриншот

Трамп: ЦИА е овластена за тајни операции во Венецуела поради дрогата

October 16, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Хамас: Немаме пристап до остатокот од телата на заложниците, потребна е специјална опрема

October 16, 2025

Делови од Стајковци, Центар, Бутел и Ѓорче Петров без електрична енергија

October 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската армија започна масовен напад врз Суми, прекинато снабдувањето со вода и струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од локални до национални: Зошто изборите во општините со мнозинство албански гласачи се клучни?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рафах останува затворен и покрај најавите за отворање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk