Украинската државна телевизија јави дека денеска, во раните утрински часови, се слушнале експлозии во украинските градови Николајев и Запорижја, додека во главниот град Кијив се слушале сирени за воздушен напад.
Експлозиите се во Запорижја, потврди шефот на градската администрација Александар Старух, пренесува агенцијата Тасс.
Извештаите за експлозии во Николајев и сирените за воздушни напади во Кијив доаѓаат од дописници на украинската телевизија во двата региона.
Во регионите на Кијив, Суми, Черкаси, Кировохрад, Николајев, Дњепропетровск, Харкив и Полтава, како и во делот на регионот Запорижја, контролиран од Кијив, прогласена е тревога за воздушен напад, соопшти Тасс, пренесе МИА.