ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Огромен одзив на медиумите во Србија по премиерата на „Врба“ на Манчевски

October 12, 2022 12:39
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Филмот „Врба“ на Милчо Манчевски имаше кинопремиера во Србија, прво во Културниот центар на Белград, потоа во Нови Сад, а понатаму се прикажува и ширум земјата. „Врба“ на кинорепертоарот во Србија доаѓа две и пол години по фестивалската премиера на белградски ФЕСТ – премиерата во српските кино-сали беше закажана за почетокот на 2020, но беше одложена поради ковид пандемијата.

Дистрибутерот Ванс филм вели: „На публиката ѝ останавме должни, ама успеавме да го победиме ковидот.“

Манчевски одржа и голем мастерклас на Факултетот за драмски уметности во Белград, како и разговори со публиката во Белград и Нови Сад.

Во српските медиуми одзивот беше огромен за Манчевски и за „Врба“. Тие во бројните интервјуа по повод кинопремиерата на „Врба“ го најавуваат Манчевски како „легендарен режисер“, „имагинативен и комплексен автор со префинет и истражувачки дух“. Тој е исклучително ценет и почитуван во Србија, а минатиот месец ја доби и наградата „Живојин Жика Павловиќ“ за придонес кон светскиот филм.

„Врба“ доби високи оценки од српската филмска критика: „По Кишловски, Манчевски можеби најмногу истражува на полето на судбината, метафизичкото и ирационалното, кои го диктираат битието и силно ја одредуваат судбината на херојот“, вели критичарот Горан Јовановиќ и додава: „ …Авторот вешто го користи своето докажано мајсторство за детали, чувство за уверлива слика и симболични и субверзивно-критички слоеви, Манчевски ни подари уште една скапоцена и емотивно обоена драма…. Манчевски уште еднаш ја докажа својата исклучителна сензибилност, префинет пристап кон темите кои се некако древни и вкоренети во земјата (каде луѓето меѓу земјата и Бог често се како немоќни марионети, кои некој ги движи во судбинска игра) и способноста да плете напнато и возбудлив драмски мозаик“.

Визуелно раскошен филм, вели критичарката Дубравка Лакиќ во „Политика“.

За жените Манчевски има направено повеќе од многубројни феминистки, смета тв новинарката Тања Петернек.

Во десетина големи интервјуа српските медиуми го распрашуваат Манчевски за неговиот авторски процес, за неговото толкување на современите општествени токови, за животот меѓу Њујорк и Северна Македонија, за холивудскиот период…

Во интервјуто за „Данас“, тој вели: „Не ги делам луѓето на машки и женски, на кирилица и латиница. Секоја личност е различна, а секој драмски лик е посебен, ако знаете добро да го извајате. Не ми е важно дали филмскиот лик е маж или жена, барате што е посебно во него, што го прави вреден да биде во вашата драма, во вашата приказна. Ми се допаѓаат жените, тие се поинтересни, побогати, покомплицирани, подлабоки“.

За „Блиц“, пак, Манчевски изјави: „Уште како гимназијалец научив да се борам за својата авторска слобода, против цензура и туѓа контрола. Комунистичката цензура не беше полоша од оваа денешнава или од холивудската. Европските фондови денес имаат свои идеолошки барања кои најчесто не се артикулирани, туку се само во главите на бирократите кои одлучуваат кој филм ќе постои, а кој нема. Да, мојот авторитет, ама – повеќе од тоа – мојата упорност и, верувам, вредноста на материјалот секогаш ги победуваат бирократите и цензорите, ама тоа е битка од која ти побелува косата. Јас само така умеам. Нема никакво задоволство во тоа да им удоволуваш на некреативните авторитети“.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Нова странска инвестиција: Официјално отворена „Магна Мирорс“ во ТИРЗ Струга, ќе вработува околу 1.300 лица

НАЈНОВО

Генерирано со ВИ

Kога Трамп сака глобална моќ: „Америка на прво место“ станува „Трамп на прво место“

October 17, 2025
Фото: Илустрација. Генерирано со Grok

Зеленски пристигна во Белата куќа

October 17, 2025

Дали изборниот процес во Скопје е сериозно компромитиран – кандидирано починато лице од јануари 2024

October 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски за средбата Црвенковски и Пецаков не гледа ништо необично, ниту изненадувачко

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сомалиски пирати во Македонскиот залив!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Позната причината за смртта на Дајан Китон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ружин: Доколку не ги направиме уставните измени немаме никаква можност да мрднеме кон ЕУ, Фон дер Лајен е јасна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk