ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ZOOM IN

Сомалиски пирати во Македонскиот залив!

October 17, 2025 13:42
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ТРИЧКОВСКИ, ФРОНТ
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

На една шака земја, во која усмената порака оди побргу од електронската и во која во текот на целата година, во јавниот дискурс, не постои ништо друго освен бескрпулозна пропаганда со кретенизирачки димензии, таканаречената политичка елита добива уште пари и простор за предизборна кампања.

Како шанса да му го измијат мозокот и на последниот нормален човек.

Со тепих од јазични бомби кои немаат врска со стварноста, односно конструираат фикција во која ги вовлекуваат луѓето со вакуум пумпата на бесмислата.

Предавници!

Тоа е тој најтипичен јазичен конструкт кој доминантно ја деконструира и дезинтегрира македонската стварност и од неа направи ветерници на кои луѓето јуришаат како санчо панси.

Без шанси да го достигнат витешкиот занес на Дон Кихот!

Македонија со чија одбрана ни ги отекоа јајцата, во тој формат е фикција.

Националната држава над која рикаме дур таа се рони и обзмакедончува, е фикција.

И битката за националната припадност на Гоце е јазична измислица.

Како и Крушевската република и црешовото топче.

Прво, не постои таква Македонија, а ако случајно постои, попаметно ни е да ја убиеме отколку да ја чуваме.

Тоа е како дома да чуваш усмрден мртовец, понеже не можеш да ја поднесеш разделбата со саканиот/саканата.

Витгенштајн рекол дека „Ограничувањата на мојот јазик се ограничувања на мојот свет!”

Да бил Лудвиг, а не Блаже, Конески би рекол дека „Јазикот е нашето најголемо сиромаштво!”

За Македонците што излегуваат од вморонската машина за мелење на македонска сива маса, тие ограничувања произведуваат цело едно мало светче како фикција.

Како измислица и манипулација.

Политичката елита е измислица.

Јазичен конструкт.

Во кој се собрани првите обезморализирани бескрупулозни парадери на македонството во транзицијата кон ништо.

ОК!

Живееме во матрикс во кој власта, политиката, медиумите, економијата, финансиите, естрдата, спортот, сообраќајот, институциите, се контролирани од еден центар. Кој преку неколку појавни форми ја навлекува масата давајќи им ја фарсата и нивното значење во фарсата, во замена за стварноста во која ужива големиот брат и неговата потесна и поширока фамилија.

Со помош на секојдневниот терор кој е вистинското име за фикцијата која во дискурсот оди како плурализам, демократија и грижа за националните и државни интереси, за општините и градовите.

„Ако мене ме изберете за градоначалник на Росоман, Ист гејт, Сити мол, Рамстор, Веро и Тинекс во Скопје, ќе бидат отворени за бесплатно пазарување на благородниот македонски народ од општината на праските во вторниците, четвртоците и петоците.”

Така изгледа еден типичен јазичен конструкт кој во моментот оди како предизборна програма.

Какво срање!

Океј!

Што нада делат?!

Гласајте.

Сепак.

Прво масовно, затоа што само така можете да го дупнете балонот на фарсата и, второ, гласајте против големиот брат односно против неговиот амбасадор во Македонија.

Против вмро.

Против главните говњари.

Кои ве идиотизираа и од вас направија нелуѓе.

Како примарна идеја која е пред пљачката која е епохална и колосално штетна, но во прв ред е во функција на кретенизацијата и распаѓањето.

Што по дефиниција значи дека светите букви практично ве демакедонизираат односно обесчовечуваат.

Деветката е графички симбол на свитканата кичма, на покорниот односно на ропскиот статус.

Пишував за тоа.

Можеби нема да ги поразите, но сигурно ќе ја динамизирате ситуацијата, а во таква опстановка шансите на големиот брат паѓаат, а вашите растат.

Многу просто.

Секогаш треба да навиваш за послабиот.

Ако си за силниот ти се роб на матриксот.

Односно не си човек.

Барем не слободен.

За кого, пак, да гласате, ќе ви кажам утре сабајле.

Ако до недела добијам гаранции (хахаха, колку е заразен овој Мицко, чудо од човека) дека ќе закочат со лизгањето во класичниот пирински, не асномски, македонизам како смртоносна замка, можеби, сепак, ќе ја заокружам шестката.

Ѓаволска бројка.

Што е добро за нас што сме оставени од Господа и покрај толку цркви и крстови што ги изградивме како антени на скромната природна интелигенција.

Битен е поразот како процес, не како чин, од структури, кандидати и луѓе воопшто, кои на тој пораз гледаат не само политички туку, уште повеќе, културолошки.

Онтолошки, епистемиолошки, дарвинистички, креационистички, хигиенски!

Мораме да им го земеме кормилото на бродот од „сомалиските пирати” со бугарски и македонски пасоши кои го освоија чамчето додека беше заринкано поради осеката на идејноста по падот на комунизмот. Со гаранции дека нема да им го смениме идентитетот и личниот опис по поразот. Плус можеме како Вморони со големо “В” да го поместиме во преамбулата заедно со Бугарите.


Специјално за ПРВАТА ЛИНИЈА | Личен став на Авторот | Сите права се задржани.
Next Post
Фото: ТАВ, Аеродром Скопје

ТАВ Македонија: Над 2,5 милиони патници во првите девет месеци, се очекува уште поголем раст

Shortcut

Најново

Снимка од експлозија што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

August 18, 2026
Stylish Caucasian Female Project Manager Works Diligently on Laptop,Surrounded by Virtual Social Media and Connectivity Icons in a Modern,High-Tech Office Environment

ЦИВИЛ за Орбановиот медиумски блицкриг: Остра анализа за гушењето на слободните медиуми во Србија

August 18, 2026
Прием по повод отворање на Сараевскиот филмски фестивал (SFF), 14 август 2026 (фото извор: Obala Art Centar)

Блесок и ангажирана уметност: Преглед на 32-то издание на Сараевскиот филмски фестивал

August 18, 2026

Поскапуваат горивата: Дизелот од полноќ се зголемува за 6,5 денари, бензините за 4,5

August 17, 2026

Борозан: Зошто се крие документот за водата во Гостивар и кој гарантира дека е безбедна?

August 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk