ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Спасовски: Корупцијата ги јаде работните места и економијата, одговорноста треба да ги стигне сите, секое барање или нудење поткуп да се пријави

October 13, 2022 10:04
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Во интервјуто за утринската програма на националната телевизија министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски запрашан за борбата со корупцијата на национално, но и на институционално ниво потенцираше дека Владата и МВР борбата со корупцијата ја имаат издигнато на највисоко политичко ниво, почнува од сопствените редови и бара сите заеднички  да избориме со овој феномен.
„Министерството за внатрешни работи уште во старт започна со имплементација на низа процедури и активности со цел да се зајакне внатрешната контрола и низа механизми со цел јакнење на интегритетот на полициските службеници. Воспоставивме механизам и на  надворешна контрола, како посебно одделение на Народниот правобранител т.н. Полициски омбудсман, посебно одделение во Јавното обвинителство кое се занимава исклучиво со законски престапи на полициските службеници. Преземавме низа механизми во делот на антикорупциските политики, како обврската секој вработен во македонската полиција да пополнува анкетен лист за неговата имотна состојба и за судирот на интереси“, се осврна министерот Спасовски на институционалните механизми, соопштува МВР.

Тој потсети дека преку соработка со ИЦИТАП програмата на САД обезбедени се мобилни камери за сите припадници на полицијата во делот на сообраќајот и во делот на граничните премини како механизам на намалување на можни коруптивни влијанија.

Притоа Спасовски особено го истакна задоволството што сѐ поголем процент на граѓани се одважуваат да пријават корупција што значи дека расте довербата во полицијата, но истовремено расте јавната свест кај граѓаните за отфрлање на корупцијата.

Министерот изрази апел до граѓаните секогаш кога има некаква индиција или барање за корупција тоа веднаш да го пријавуваат, бидејќи корупцијата е еден од најопасните феномени. „Корупцијата ги јаде работните места и економијата. Одговорноста треба да ги стигне сите, и оние кои бараат поткуп, и оние кои даваат потпуп. Само заеднички може да си помогнеме во таа битка со корупцијата“, посочи Спасовски.

Next Post

Петровска на состаноците на Северноатлантскиот совет на НАТО и средби со министрите на сојузничките земји

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk