ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Спасовски: Прв официјален договор потпишан на македонски јазик меѓу ЕУ и Северна Македонија ќе биде Договорот со ФРОНТЕКС

October 15, 2022 11:18
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Придобивките од Договорот за соработка во управувањето со границите меѓу ФРОНТЕКС и Северна Македонија, откако Советот на ЕУ донесе одлука за потпишување на овој акт кој ќе биде преведен и на македонски јазик, беше една од темите на вчерашното интервју на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за кумановската ТВ Плус.

Прво, кога зборуваме за договорот со Фронтекс јас сакам да кажам малку историографски податоци: ние почнавме да преговараме и бевме држава којашто прва го парафираше текстот на договорот што беше усогласен со ЕУ од сите држави во регионот. Меѓутоа, единствено нешто поради кое договорот со Фронтекс не се потпиша тогаш, беше токму тоа што јас и Владата инсистиравме договорот да се потпише на македонски јазик. И, во тој процес настана блокада од страна на Бугарија. Сега ги обновивме преговорите за потпишување на договорот со Фронтекс, и од аспект на тоа што е прв официјален документ или прв официјален договор не само што ќе се преведе, туку е прв официјален договор којшто ќе се потпише на македонски јазик меѓу ЕУ и РСМ, го потенцира неговото значење. Притоа, нема да има никакви дообјаснувања и фусноти, туку едноставно ќе биде на македонски јазик. Ова покажува дека тоа што говоревме при започнување на преговорите – дека македонскиот јазик е гарантиран, едноставно со овој договор ќе го потврдиме, потенцираше министерот Спасовски.

Тој објасни дека станува збор за договор за гранично управување, популарно наречен договор со Фронтекс, за кој Советот на ЕУ веќе ја донесе одлуката за потпишување, а се очекува на првата владина седница да се разгледа и да се овласти министерот за внатрешни работи да го спроведе потпишувањето, при што веќе се одвиваат разговори за усогласување на агендите за потпишување.

Јас очекувам дека првата недела или првите 10 дена од ноември договорот да биде потпишан со еврокомесарот за внатрешни работи. Ова ќе биде еден огромен успех, но и огромен ветер во грб во делот на внатрешните работи. Прво, овој договор има значење поради потпишувањето на македонски јазик; второ, тоа ќе биде договор што ги зацврстува односите меѓу ЕУ и државата; и трето, поради тоа што преку овој договор заеднички ќе учествуваме во обезбедувањето на границите за миграции и за сите аспекти коишто значат добро гранично управување, справување со мигрантските бранови, меѓутоа и во заедничката борба со прекуграничниот криминал. На тој начин преку овој договор ФРОНТЕКС ќе ни обезбеди една силна поддршка која ќе биде во корист и на Република Северна Македонија и на целиот наш регион, нагласи министерот Спасовски, алудирајќи на делењето на заедничките предизвици со Европската Унија во однос на миграциите, на кои може да се одговори единствено со заеднички сили, со спроведување на заеднички операции со тимовите на Фронтекс.

Next Post

Најмалку 40 загинати при експлозија во турски рудник, спасувањето е во тек

НАЈНОВО

Авганистан и Пакистан повторно преговараат во Истанбул

November 6, 2025

ДИК го отфрли приговорот за гласањето на пет избирачки места во Општина Брвеница, во тек е разгледување на приговорите за Општина Шуто Оризари

November 6, 2025

Mузичката елита ќе пее во чест на маестро Кире Костов, гала концерт во НОБ на 11 ноември

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk