ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Михајловиќ: Србија има стратешки интерес за изградба на нафтовод кон Северна Македонија, Грција и Албанија, и кон Унгарија

October 17, 2022 14:25
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Српската вицепремиерка и министер за рударство и енергетика, Зорана Михајловиќ денеска изјави дека за Србија е стратешки важно да изгради нафтовод со кој ќе излезе на Медитеранот, односно до пристаништата во Албанија и Грција и да биде транзитна рута кон север, поврзувајќи се со Унгарија, јави дописникот на МИА од Белград.

Стратешки ни е важно да се поврземе преку Ниш и понатаму до Скопје со Солун и со Албанија, што ќе ни овозможи да имаме пристап до разни добавувачи и сите видови нафта и да имаме нафтовод до Унгарија и пристап до руски нафта. Се проценува дека за оваа диверзификација се потребни околу една милијарда евра. Тоа е голема инвестиција, но и дава можност на Србија да биде целосно безбедна кога е во прашање снабдувањето со нафта, но и да биде транзитна рута. Тоа секако би бил меѓународен проект кој не се однесува само на Србија, туку и на други земји од регионот, а за такво нешто има интерес од други земји и меѓународни финансиски институции, изјави Михајловиќ за ТВ Курир, соопштија од ресорното Министерство.

Таа изјави и дека на новата влада најважна ќе и биде енергетиката бидејќи така Србија ќе биде политички посилна да ги спроведе потребните промени.

-Во декември, минатата година го отворивме кластерот 4 во преговорите со ЕУ, во кој е вклучена и енергетиката, но оттогаш немаме голем напредок, бидејќи имаме опструкции во „Србијагас“ и во ЕПС, а не успеавме да направиме повеќе и во областа на ОИЕ (Обновливи извори на енергија), бидејќи имаме компании кои не сакаат промени. Затоа е важна новата влада, бидејќи ќе биде политички посилна и ќе може да ги спроведе неопходните чекори во енергетската транзиција. Во енергетиката работите мора да се менуваат многу побрзо бидејќи ова ќе биде најважната област во следните 10 години, изјави Михајловиќ, се наведува во соопштението.

И мандатарката на Владата Ана Брнабиќ, изјави денеска дека „Србија почнува да гради нова енергетска политика“. Таа порача дека тое ќе биде главен приоритет на идната влада и дека енергетиката е „прашање на националната безбедност поради што мораме да ја смениме за да ја направиме Србија енергетски понезависна и побезбедна, а овие работи се менуваат од ден на ден“, наведувајќи го примерот на Хрватска и нафтоводот ЈАНАФ.

Целиот регион би морал подобро да соработува во енергетиката, имаме огромни капацитети кои би можеле да ги искористиме за енергетска безбедност и ќе се обидеме да го направиме тоа заедно со претседателот Вучиќ, бидејќи регионот мора да работи заедно, да биде поврзан и стабилен, рече Брнабиќ.

Опишувајќи како ситуацијата во енергетскиот сектор се менува „од ден на ден“, таа рече дека, доколку не се случеше она што се случи со нафтоводот ЈАНАФ, нафтоводот до Унгарија немаше да биде во експозето што го подготвува, а сега е „стратешки проект кој ќе почне да се работи во најкраток временски период“.

Next Post

(ВИДЕО) Британскиот амбасадор Метју Лавсон, доби сертификат за положен испит по македонски јазик

НАЈНОВО

Судскиот совет разгледа 72 претставки и поплаки против судии и судови, за три одлучи дека се основани, исто толку се повлечени

November 5, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Определени мерки на претпазливост за возачот кој го прегази Јорго Ќука

November 5, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Археолошка сензација во Кенија: Откриени најстарите алатки на светот – стари 2,75 милиони години користени од најраните луѓе

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk