ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Отворена втора фабрика „Кемет електроникс“, инвестиција од 25 милиони евра, 360 нови работни места

October 17, 2022 11:14
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Вториот капацитет на американската компанија „Кемет електроникс“, инвестиција од 25 милиони евра во која ќе се вработат нови 360 лица денеска свечено е отворен во технолошко индустриската развојна зона – ТИРЗ Скопје 1.

Одлуката на компанијата да го прошири производството тука е потврда за добрите економски политики кои ги води Владата и политиките што ги имаме за зголемување на платите на вработените, рече премиерот Димитар Ковачевски на отворањето на фабриката.

Рече дека верува оти наскоро во Скопје ќе има трета фабрика на „Кемет електроникс“ и вети дека како Влада ќе направат се за да се отвори таков капацитет.

Андреас Мајер, потпретседателот на „Кемет електроникс“ истакна дека во новиот капацитет ќе се произведуваат кондензатори за електрични возила. Веќе е ставена во функција една линија за производство, а наскоро, како што рече, ќе бидат отворени уште две производствени линии. Со отворањето на новиот дел за 50 отсто е зголемен капацитетот на постојната фабрика, а како што најави Мајер, се планира во скоро време дополнително да се прошират капацитетите на „Кемет електроникс“ во ТИРЗ Скопје 1.

Директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски посочи дека со новиот капацитет двојно ќе се зголеми бројот на вработени во Кемет електроникс и додаде дека од почетокот на годинава во ТИРЗ се вработени речиси 1600 нови вработени. Потенцира дека два пати годинава веќе се зголемени платите на вработените во ТИРЗ и најави дека ќе продолжат да инсистираат на зголемување на платите на вработените во технолошката зона.

Групацијата во чиј составен дел е и „Кемет електроникс“ годишно има приход од 4,8 милијарди долари во 49-те фабрики, 47 канцеларии за продажба и 20 развојни бироа во Северна и Јужна Америка, Азија и Европа во кои работат 45 000 вработени. Произведува електронски компоненти за најпознатите светски компании.

„Кемет електроникс“ својот прв капаците во земјава го пушти во употреба пред 10 години исто така во ТИРЗ Скопје 1

Next Post

Клоп му се извини на Гвардиола откако менаџерот на Манчестер сити беше удрен со парички од трибините

НАЈНОВО

Скриншот

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

November 3, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk