ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Шаќири: Соработката со Институтот „Крсте Мисирков“ ќе продуцира кадар кој биде столб на македонскиот јазик и култура

October 17, 2022 15:42
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Јазикот претставува еден од клучните елементи за историскиот континуитет на една нација. Зад секој пишан збор, зад секоја напишана книга се крие приказната на оние кои живееле пред нас, и се овековечуваат важните настани во државата”, порача министерот за образование и наука, Јетон Шаќири на денешната манифестација по повод Отворени денови на Институтот за македонскиот јазик.

Министерот Шаќири во своето обраќање истакна дека вложувањето во младите и во образовниот систем бара взаемна соработка.

„Постојаното негување бара и постојано заедничко вложување и соработка. Во таа насока особено среќен сум што функционира Националниот совет за високо образование и научно-истражувачка дејност каде заеднички поставуваме прашања, дебатираме и нудиме одговори, сè со цел унапредување на високото образование и интензивирање на научно-истражувачката дејност. Воедно, од минатата година значително се зголемени износите на стипендиите, можност да конкурираат за стипендии и оваа година ќе имаат и студентите на втор и на трет циклус студии. Со сет политики и мерки ја поддржуваме научно-истражувачката работа и создаваме услови за мобилноста на наставниот кадар, а нашите заложби за поттикнување на академското образование се темелат на јасна претстава за важноста на човечкиот капитал во обликувањето перспективна иднина”, рече Шаќири.

Додаде дека стратешка цел на Министерството за образование и наука и на Владата е поддршка на квалитетно и инклузивно високо образование и подобрување на студентскиот стандард.

„Нашите чекори водат кон една цел, а тоа е да изградиме систем кој обезбедува континуиран развој на високото образование и наука. Како институции на државата ние континуирано се трудиме на младите во Република Северна Македонија да им помогнеме да го изодат нивниот најважен пат кон академскиот свет”, посочи министерот во своето обраќање.

Изрази задоволство од успешното работење на Институтот за македонски јазик.

„Здоволен сум што Институтот бележи континуиран напредок, и денеска има со што да се пофали. Ова е особено значајно за мотивираноста на студентите кои ја имаат најважната улога, а тоа е да продолжат да се грижат за опстанокот и развојот на нашиот јазик. Затоа, уверен сум дека Институтот ќе продолжи со посветеноста и со успешната подготовка на стручни кадри, кои ќе бидат столб на македонскиот јазик и култура”, порача министерот Шаќири.

На настанот присуствуваше и се обрати и премиерот на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски.

 

Next Post

Првата македонска азбука беше „железен клуч кој длабоко ќе го отвори срцето на Македонецо“

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Данска ќе воведува минимална возраст од 15 години за одредени социјални мрежи

November 7, 2025
Фото: МИА

Франција го поздравува потпишувањето на Договорот за меѓуграничниот железнички тунел на Коридор 8

November 7, 2025
ФОТО: Општина Карпош

Јакимовски: Ја оставам општината со 72 милиони денари на жиро сметка и со измирени тековни обврски

November 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО и ФОТО) Спектакуларно започна ПР претставата „72 часа чисто Скопје“, во присуство на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk