ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Народната банка започна со редовно објавување податоци за зеленото финансирање

October 18, 2022 10:54
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ЗЕЛЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

Народната банка, на својата веб-страница, меѓу податоците и показателите за банкарскиот систем на Република Северна Македонија, почна да објавува и квартални податоци за  кредитите за зелено финансирање одобрени на домаќинствата и нефинансиските друштва. Објавувањето на овие податоци, велат од Народната банка, е една од активностите со која придонесува за создавање „зелена“ и одржлива економија.

Народната банка досега презеде повеќе активности за зголемување на свесноста за последиците од климатските промени и за сѐ позастапена „зелена“ компонента во финансиите во македонската економија. Таканаречените „зелени кредити“ се наменети за унапредување на енергетската ефикасност на домаќинствата и на приватниот сектор, за инвестирање во зелени технологии, материјали и решенија и за инвестирање во обновливи извори на енергија, контрола и спречување на загадувањето, заштита на животната средина, како и намалување на ризиците од климатските промени, се вели во денешното соопштение.

На почетокот на 2022 година, Народната банка спроведе Анкета за ризиците од климатските промени според која 40 отсто од домашните банки и штедилници имаат воведено производи и услуги како реакција на климатските промени, додека 80 отсто од испитаниците одговориле дека размислуваат за воведување нови производи и услуги како реакција на климатските промени.

Климатските и општествените промени, со кои се повеќе се соочуваме, оставаат видливи белези врз глобалната економија и можат да влијаат врз остварувањето на целите на централните банки. Затоа е неопходно носителите на политиките да се посветат на ублажување на потенцијалните економски последици од климатските промени. Зелената и дигиталната трансформација во иднина можат да придонесат за градењето посилни економии отпорни кон шокови, велат од Народната банка и додаваат дека предизвиците со кои сега се соочуваат економиите во светот се доказ дека треба да се бараат алтернативни решенија и да се размислува подолгорочно во однос на обезбедувањето одржливи извори на енергија и зголемувањето на производството на храна. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Деветти „Марш за ангелите“ во Кочани: Полицијата и Обвинителството ни должат одговор, неселективна правда мора да има

June 7, 2025

МТФ „Војдан Чернодрински“: Претставата „12“ на МНТ е за некомпетентноста на современото живеење

June 7, 2025
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Коко Гоф го освои Ролан Гарос за прв пат во кариерата

June 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците ќе ја задржат шминката како посмртна маска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога една телефонска линија е алка во синџирот на лицемерието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тешка сообраќајна несреќа на патот Скопје –Тетово: Почина 19-годишна девојка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МТФ „Војдан Чернодрински“: Претставата „12“ на МНТ е за некомпетентноста на современото живеење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Норвешки доктор осуден за силување десетици пациентки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk