ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Скопските локали Мош, Мечос, Локал 45 и Интермецо, казнети за пуштање гласна музика

October 21, 2022 13:47
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По зголемениот број пријави од граѓани за гласна музика од угостителските објекти во ноќните часови, особено во летниот период, Секторот за инспекциски работи на Општина Центар во периодот од мај до септември спроведе акции за мерење на бучавата од гласна музика, при што се изречени казни на четири локали.

Акциите, како што соопшти Општината, се спроведени по 23 часот на локации во Капиштец, Дебар Маало, Буњаковец, улица „Македонија“ и Кеј „13 Ноември“, при што се поминати повеќе локали и опоменати се да ги почитуваат граничните вредности за бучава во животната средина.

Мерењата се извршени од овластена лабораторија за животна средина и мерење на ниво на бучава, со која Општината има склучен договор. Согласно извештаите од мерењата на бучава предизвикана од гласна музика, измерените вредности во сите случаи ги надминуваат дозволените гранични вредности, согласно „Правилникот за гранични вредности на нивото на бучава во животна средина“.

За сите локали се започнати инспекциски постапки, согласно Законот за бучава во животна средина, при што правните лица се задолжени со Решенија да преземат мерки во одреден рок, за намалување на бучавата.

При контролните мерења, повторно се констатирани надминувања на граничните вредности, за што локалите „Мош“, „Мечос“, „Локал 45“ и „Интермецо“ се казнети со платен налог за наплата на глоба во висина од 360.000 до 800.000 денари, во зависност од тежината на сторениот прекршок.

Доколку правните лица не ја платат глобата, се поведува постапка во Основен суд, информираат од Општина Центар и апелираат сите управители и сопственици на угостителски објекти во општината да се придржуваат до постоечките правилници, да имаат обзир кон жителите кои живеат во непосредна близина на нивните локали и да го почитуваат Законот за заштита од бучава во животната средина.

Next Post

Просечната плата во август 31.871 денар, за 11,3 отсто повисока од истиот месец лани

НАЈНОВО

Скриншот

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

November 3, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk