Вицепремиерот Фатмир Битиќи во интервју за 24Инфо вели дека Владата успешно менаџира во услови на кризата, спроведувајќи голем број мерки, а најави и наредни мерки.
„Суксесивното и таргетирано носење на антикризни мерки даде одличен резултат за време на корона кризата, што беше изведено како заклучок во повеќе извештаи и анализи кои го анализираа справувањето со кризата во регионот и Европа“, вели Битиќи.
Тој нагласува дека и оваа криза е исто толку непредвидлива и бара навремено и постојано прилагодување на истата.
„Ваква непредвидливост бара внимателно справување со ризици и тоа економски може да се справиме, бидејќи има економски механизми. Она што е потешко е справување со неизвесноста, која креира негативни психолошки реакции кои не може економски да се предвидат. Токму затоа сметам дека она што е круцијално во справувањето со оваа криза е токму справувањето и одговарањето, колку што е можно, со неизвесноста која граѓаните може да ја чувствуваат. Покажавме дека се грижиме, дека никој нема да биде изоставен и дека таргетирано се насочува помошта онаму каде што е потребна“, вели Битиќи.
Последните донесени антикризни мерки, истакнува вицепремиерот, дел се директна финансиска помош за најранливите категории на граѓани, дел се за помош на одржување на ликвидноста на компаниите како и механизми за справување со енергетската криза.
Фискалните импликации на овој пакет мерки се над 360 милиони евра, од нив над 18 милиони евра се директна финансиска помош за околу 200.000 граѓани, кои се најизложени на онаа неизвесност за која погоре зборував, потенцира вицепремиерот Битиќи.
Целото интервју на – 24Инфо.