ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

„Турбината“ на ЕУ врти и за македонските енергетски потреби

Северна Македонија и земјите од Западен Балкан побараа помош, ЕУ експресно одговори со енергетски пакет. Дали „шесторката“ ќе добие помош од една милијарда евра?

October 24, 2022 11:35
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Што содржи пакетот за енергетска поддршка, со кој ЕУ ќе им помогне на земјите од Западен Балкан? Шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи, најави дека претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, лично ќе го презентира тој пакет неделава во Скопје. Веста за доаѓањето на претседателката на ЕК не е нова, со оглед дека таа најави балканска турнеја за време на Самитот на Европската политичка заедница одржан пред дваесет дена во Прага, од каде порача дека Зaпаден Балкан е составен дел на европското семејство.

Ниту барањето помош за справување со енергетската криза не е ново. Уште во почетокот на септември, на самитот на „Отворен Балкан“ кој се одржа во Белград, Ковачевски, Вучиќ и Рама најавија дека ќе бараат поддршка од Унијата.

„Ja користам оваа прилика, дa ги замолам да го стават целиот Западен Балкан во проектот со кој им помагаат на земјите (членки – н.з) што плаќаат скапа струја во текот на оваа зима. Па макар и 10 отсто поддршка да добиеме за она што мораме да го увеземе, тоа би била огромна помош“, порача Вучиќ.

Албанскиот премиер Еди Рама побара ЕУ во односот кон енергетската криза да не го повтори однесувањето кон Западен Балкан, какво што било демонстрирано во текот на пандемијата на корона вирусот. Конкретен потег беше повлечен и од Скопје. На 19-ти октомври министерот за економија, Крешник Бектеши, го потпиша писмото со барање за помош од Европската Комисија за справување со последиците од енергетската криза, од кои, еден дел се однесуваат за поддршка на ранливите категории, но и за други.

Лидерите на земјите членки на иницијативата „Отворен Балкан“ на средбата во септември 2022 побараа „енергетска помош“ од ЕУ

„Бараме и кофинансирање на одредени субвенции кои веќе ќе почнат да се реализираат за да се градат фотонапонски централи на крововите на домаќинствата и на малите претпријатија. Третата мерка е директна субвенција и на компаниите кои се на отворен пазар на електрична енергија и на тие кои се на регулиран пазар со цел да се задржи нивната конкурентност на регионално, но и на европско ниво”, рече Бектеши.

Засилен европски ангажман во регионот

Деталите за помошта од ЕУ не се се познати, но црногорски „Вјести“ објави дека станува збор за помош од една милијарда евра за Западен Балкан.

„На иницијатива на Северна Македонија која е најмногу погодена од енергетската криза и на останатите држави од Западен Балкан, покрената е оваа иницијатива. Имаше состанок со еврокомесарот Вархеји и министрите на Западен Балкан, и определена е милијарда евра зa ублажување на последиците на енергетската криза – 500 милиони ќе бидат определени зa заедничка регионална поддршка“, ја пренесе „Вјести“ изјавата на црногорската министерка за европски прашања, Joвана Маровиќ.

Од ова не може да се заклучи колку поединечно ќе добие секоја од земјите на западно-балканската шесторка, па се очекува деталите да ги соопшти претседателката на ЕК. Таа неделава ќе го посети Сараево, неофицијално во Скопје треба да пристигне в среда (26-ти октомври), во четврток во Приштина и Тирана, во петок во Белград и во сабота во Подгорица.

„Криза без преседан – бара и акција без преседан, и ние ќе бидеме покрај нашите партнери од Зaпаден Балкан“, порача минатата недела еврокомесарот Оливер Вархеји.

Тој објасни дека преку Европскиот инвестициски план ќе се помага во решавањето на моменталните краткорочни и среднорочни потреби нa Западен Балкан. А како уште една потврда на засилениот европски ангажман кон регионот, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, вчера на Твитер соопшти дека следниот самит ЕУ-Западен Балкан ќе се одржи на 6-ти декември во Тирана.

Европската унија преку Европскиот инвестициски план ќе помага во решавањето на краткорочните и среднорочни потреби нa Западен Балкан

„Западен Балкан е клучен приоритет за ЕУ. EУ и Западен Балкан се потребни едни на други“, наведе Мишел.

Гас од Србија

Покрај помошта што РСМ ја очекува од ЕУ, малку порано ќе стигне очекуваниот гас од Србија. Премиерот Димитар Ковачевски синоќа на Фејсбук соопшти дека од Србија е обезбеден гас за училиштата и болниците, но без детали за договорените количини. Според Ковачевски, по интензивна комуникација со српската премиерка Ана Брнабиќ, официјален Белград решил да ја изземе РСМ од забраната за извоз на природен гас.

Одлуката на српската влада за забрана на извоз на природен гас, беше краткотрајна: донесена е на 17-ти октомври и истекува за една недела, на 31-ви октомври. Како што објави српската влада пред една недела, „одлуката за привремена забрана на извоз на природен гас до 31-ви октомври, е за да се обезбеди сигурно снабдување на домашниот пазар и спречување на можни штети за стопанството и граѓаните, со цел спречување на заканите од критичен недостиг на природен гас предизвикан од пореметување на глобалниот пазар на енергенси“.

„Преку политиките на добрососедство, тесната соработка во рамки на „Отворен Балкан“, но и партнерскиот однос, во време на енергетска криза обезбедуваме поддршка онаму каде најмногу треба – компресиран гас за училиштата и болниците во многу градови низ земјата”, напиша вчера Ковачевски на Фејсбук.

Катерина Блажевска / Дојче Веле

 

Next Post

Нула проценти увоз, во изминатите 24 часа ЕСМ во целост произведе струја за домаќинствата и за малите потрошувачи

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk