ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Николоски од Самитот на „Економист“: Одговорно менаџираме со јавните пари

October 25, 2022 15:52
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Менаџирањето со јавните пари во криза е тешко, но важно е тоа одговорно да се прави, односно да се најде начин да се финансира дефицитот и тој да се чува на одржливо ниво, а со тоа да се внимава и на висината на јавниот долг. Во таа насока е и одлуката да не се издаде Еврообврзница оваа година, туку да се задолжиме кај меѓународните финансиски институции со двојно пониски каматни стапки и да се направат сериозни заштеди по основ на камати за следните години.

Ова го истакна заменик-министерот за финансии Филип Николоски, кој денеска се обрати на панел дискусија на тема „Инвестиции во Западен Балкан и одржлив модел на раст“ на Годишниот самит на „Економист“  што се одржа во Приштина, Република Косово.

Тој посочи дека секогаш е важно како се трошат парите од новите задолжувања и кон кого се насочени.

Донесовме два пакета антикризни мерки со вкупен износ од над 750 милиони евра кои ги насочивме кон поддршка на населението, особено ранливите категории и бизнис секторот, рече Николоски.

Тој додаде дека Северна Македонија паралелено работи и на преземање мерки за справување со кризата и поддршка на економијата, но и за фискална консолидација, односно намалување на буџетскиот дефицит и јавниот долг.

За фискална консолидација и за ефикасно и одржливо намалување на фискалниот дефицит потребна е комбинација на мерки и на приходна и на расходна страна на буџетот. Донесен е План за фискална одржливост и поддршка на економскиот раст кој се заснова на фискална консолидација преку мерки за рационализација на одредени расходи и мерки за поефикасна наплата на приходите, конзистентност на политиките во процесот на буџетското планирање, преку поврзаност на буџетското планирање со програмата на Владата и економските реформи, како и мерење на успешноста во реализацијата на политиките во буџетот, истакна Николоски.

Тој потенцира дека економските политики и мерки преточени во Планот за фискална одржливост и поддршка на економскиот раст, заедно со мерките и политиките во Планот за јавни инвестиции и Планот за забрзан економски раст се основа за зголемување на потенцијалот за раст и остварување на повисоки стапки на раст на среден рок, односно двојно зголемување на економскиот раст во однос на тој остварен изминатата деценија.

Значајно во остварување на тие политики и мерки е поддршката од меѓународните финансиски институции. Со Планот за забрзан раст се планирани инвестиции од над четири милијарди евра во следните пет години во инфраструктурни проекти, обновливи извори на енергија, надополнети со инвестиции од приватниот сектор што ќе придонесат за поттикнување на растот на економијата на ниво од пет отсто.

Николоски на панел дискусијата истакна и дека она што се зацртани приоритети пред Владата се поистоветуваат и со ЕУ агендата и реформите што ги презема земјата на патот до целосна евроинтеграција. Тој процес, како што рече, добива забрзана динамика со отворање на преговорите за членство во ЕУ.

Next Post

Лукаревска: Имаме партнерски однос со даночните обврзници, имплементираме нивни предлози

НАЈНОВО

Собранието ги очекува новите пратеници на местата на избраните градоначалници

November 3, 2025
Скриншот од Vimeo / Erick Higuera Imagery

(ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

November 3, 2025

Нови цени на горивата: Бензините поскапуваат за половина, дизелот за еден денар

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk