Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски се пласираше во финалето на M15 турнирот во Ираклион, Грција.
Во четири натпревари Калин оствари четири победи, без изгубен сет.
До пласман во финалето стигна со победите против двајца чешки тенисери Jiri Jenicek (6-4 ; 6-3) и Jakub Nicod (6-4 ; 6-4), со победа против германскиот тенисер Marlon Vankan (6-3 ; 6-1), а само што заврши и полуфиналниот натпревар во којшто нашата голема тениска надеж извојува победа против Andrea Guerrieri од Италија (7-6 ; 6-3).
Во утрешното финале најверојатен противник на Ивановски ќе му биде првиот носител на турнирот, Sebastian Gima од Романија.
Ацо Лукароски