Странка на демократска акција на Македонија (СДА Македонија) со низа активности во текот на минатите денови одбележа 31-годишнина од своето основање, соопштија од партијата.
Во рамки на одбележувањето на 31-годишнината од основањето на СДА Македонија, беше организирана промоција на Едицијата „Бошњаци“, која во четвртокот се одржа во исполнетата сала во Општина Чаир.
Од партијата велат дека делегацијата на СДА Македонија, предводена од својот претседател Џелал Хоџиќ, остварила работни средби со претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, со премиерот на Владата на Северна Македонија, Димитар Ковачeвски, со првиот потпретседател на Владата на Северна Македонија, Артан Груби, како и со претседателот на политичката партија Алтернатива, Африм Гаши.