Премиерот ДИмитар Ковачевски на денешната прес-конференција ги соопшти денешните владини одлуки што се однесуваат н енергетеско-економската криза.
„Ветив дека храна, струја и греење оваа зима мора да има за сите. Со новите владини одлуки обезбедуваме поевтина струја и тоа:
80 евра по мегават/час за компаниите кои произведуваат основни прехранбени производи, со цел стабилизирање на цените на финалните производи. Веќе беше јавно соопштено од производителите дека со ваква одлука цените би требало да се намалат за најмалку 10%.
95 евра по мегават/час за основните и средни јавни училишта
95 евра по мегават/ час електрична енергија за јавните претпријатија за водоснабдување и одведување на отпадни води
За да спречиме манипулации при обезбедување на универзална услуга на пазарот на електрична енергија, на Општините и на Градот Скопје им се забранува да основаат ЈП, ДОО или АД за вршење дејност од јавен интерес-јавно осветлување.
Напорната работа носи резултати, и јас верувам дека ова криза ќе нѐ направи посилни, пообединети, вредни, рационални, а Владата ќе продолжи да работи одговорно и домаќински.“ напиша Ковачевски на својот Фејсбук профил.





