ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бербок: Се разгледува како може да се вклучи иранската Револуционерна гарда во терористички организации

October 31, 2022 09:20
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Германија и Европската Унија размислуваат дали да ја прогласат иранската Револуционерна гарда за терористичка организација, изјави германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок.

– Минатата недела јасно ставив до знаење дека ќе покренеме уште еден пакет санкции и оти ќе разгледаме како можеме да ја вклучиме Револуционерната гарда во терористички организации, појасни Бербок за германската телевизија АРД.

Таа ја даде изјавата откако шефот на Револуционерната гарда ги предупреди демонстрантите во Иран дека сабота е последен ден за излегување на улиците, што значи оти безбедносните сили може да го интензивираат и така жестокото сузбивање на распространетите немири.

Протестите започнаа по смртта на 22-годишната Махса Амини, уапсена од полицијата за морал.

Тоа што почна како револт поради смртта на младата девојка, се претвори во еден од најтешките предизвици за иранското раководство од револуцијата во 1979 година.

Претседателот на Парламентот, Мохамад Багер Галибаф се обиде да ја смири ситуацијата. Тој посочи оти луѓето биле во право што повикуваат на промени, како и дека нивните барања ќе бидат исполнети, доколку се дистанцираат од „бунтовниците“ на улиците.

– Протестите не ги гледаме само како исправни и причина за напредок, туку, исто така, веруваме дека социјалните движења ќе ги променат политиката и одлуките, под услов да бидат одвоени од насилниците, криминалците и сепаратистите, истакна тој.

Германија минатата недела соопшти дека ги заострува ограничувањата за влез за ирански официјални лица, покрај веќе најавениот пакет санкции од Европската Унија.

Next Post

Цената на житото се зголеми откако Русија се повлече од извозниот договор на Црното Море

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk