Европската централна банка (ЕЦБ) мора да ги зголеми каматните стапки поради инфлацијата предизвикана од војната на рускиот претседател Владимир Путин во Украина, изјави шефицата на ЕЦБ, Кристин Лагард.
Тоа се обидува да го направи Путин, да предизвика хаос и да уништи голем дел од Европа, истакна Лагард за време на гостувањето на ирската телевизија РТЕ. „Оваа енергетска криза предизвикува огромна инфлација што треба да ја победиме“, додаде таа.
Секој што се однесува така мора да биде управуван од зли сили. Болниот руски претседател е ужасна личност, изјави Легард, пишува Политико.
Зборувајќи за нејзините претходни средби со Путин, Лагард го опиша како „неверојатно информирана личност“ со „студени очи“.
Минатата недела централната банка најави уште едно зголемување на каматните стапки во борбата против инфлацијата, со што ги подигна каматните стапки во еврозоната на највисоко ниво од 2009 година.
Ова го правиме затоа што се бориме против инфлацијата, нагласи Лагард. Таа посочи дека економското закрепнување од пандемијата е побрзо од очекуваното.
Иако Лагард беше на удар од високи европски политичари поради одлуките за стапките, таа изјави дека тие имаат за цел да ги задржат трошоците за живот под контрола. Во септември инфлацијата во целата еврозона достигна 10 отсто.