ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Трансфер на вина

October 31, 2022 13:59
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ

Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

Има еден дел во мојот карактерот кој е прилично импулсивен: не сака некој да му „кака“ за било што и за било кое. Така беше и во времето кога бев ужасно млад, ниту тогаш, а посебно не денес, не сум ја живеел паролата „добро јутро чаршијо на све четири стране“. Такви колективистички фантазми не поднесувам затоа што знам, порано или подоцна, чаршијата (читај, уличарите) може да ти се посерат на глава. А кој е тој што сака некој да му се сере „на глава“?

Влегов во политика не затоа што општо прифатената синтагма вели, „ако не се занимаваш со политика, таа ќе се занимава со тебе“, туку влегов во политика уште „далечната“ 2008 година затоа што ми сметаше таа општествената тегоба и затвореност која можеше да се пипне со гола рака. И признавам, некои ме сметаа(т) за исклучително тежок човек, ама тоа е така затоа што многу пати до сега, од секаков тип на полусвет, сум бил насамарен. Соработката ја темелам во зависност од спротивната страна: ако работиме со чисто срце, без дубари и ујдурми, може да работиме на што сакаме. Во спротивно, умеам да го накривам „црвениот банчиќ“. Не затоа што сум опак, туку едноставно не поднесувам глупости. Ова е некој „нормативен“ дел од мојот карактер. А сега да одиме со „дескриптивниот“ дел, што значи, одиме со оној општествениот.

Секогаш и за сите времиња – главнината од гласови, да не се лажеме – ќе ги носат политичките партии. Тоа е така секаде на светот, не знам зошто Северна Македонија би била поинаков пример. Ништо не е поразлично ниту во германии, холандии, норвешки, америки или австралии. И во Британија имаш локален фиќфириќ од лабуристите или од ториевците. Едноставно речено, политичките партии во плуралност се ‘рбет на некаков „систем“.

Е, тоа што нам не ни се допаѓаат тие луѓе кои ги гледаме, што значи во тоа „недопаѓање“ ние се обидуваме да направиме „трансфер на вина“. Па се обидуваме да најдеме виновник зошто тие се такви какви што се за, потоа, да се обидеме да најдеме виновник, така што велиме дека за се’ се виновни политичките партии, па уште и’ ја појачуваме „аргументацијата“ со онаа раширена глупост од типот, „сите тие се исти“.

Не треба да заборавиме дека најголемиот проблем (или порок) на демократијата е што таа е автопортрет на секое општество. Имено, луѓето кои ние ги биравме – зборувам за сите луѓе кои ги биравме – од Георгиевски, Црвенковски, Трајковски, Груевски, Иванов…, сите тие луѓе, ама сите, огромен број на граѓани и граѓанки за нив гласаа. Не дојдоа споменативе на бајонети, не извршија државен удар, не дојдоа на власт со Воен пуч, туку сите дојдоа на некои избори.

Груевски, да речеме: тој узурпатор дојде на власт затоа што беше плебсицитарно гласан; онаа несреќа Иванов, беше гласан со половина милион гласови. Луѓето кои ја донесоа најголема тиранија и авторитаризам во општеството, а следствено на тоа и најголемиот срам во историјата на оваа земја, беа поддржани од најголем број на граѓани и граѓанки.

Така што јас многу не би не амнестирал и нас граѓаните, се разбира, не сите, ама огромен број на граѓани беа за овие неранимајковци и несреќи. Ние, море, кои сме нели, „чесни“, „нерасипани“, „прекрасни“, „убави“, „мили“, „демократични“, „принципиелни“… А тие тамо „горе“, тие политичари злобни, тие…

Тие политичари, имено, се дел од ова општество, тие одеа во истите училишта во кои и ние одевме, растеа заедно со нас. Сакам да кажам – тие луѓе се производ на ова општество. Кога општеството е подобро – а денес, за разлика од она претходното – општеството е подобро во секоја смисла со денешната политика на Ковачевски, за тоа воопшто не сакам да полемизирам – помалку е подложно на корупција, клиентелизам, популизам, дури помалку е подложно и на екстремистички опции, за разлика од она време на Груевски.

Денес, пак, ми се чини, ние ги живееме обидите за враќање на она кое беше до 2017 година. Ми се чини дека се обидуваат повторно да дојдат на власт најлошите меѓу нас и’ да ја инсталираат авторитарната „дескрипција“ во општеството. Добро, имаме ние избори, ама парадигмата која се заканува во основа има „еден лидер, еден човек, една партија“, а тоа е партијата ВМРО-ДПМНЕ и оној бизарен и сувопарен Мицкоски. Па уште се воспоставува една вертикала во која, од центарот па се’ до последното село, или месна заедница, иста партија и иста структура се обидува да владее, а тамо кај што „тоа нема да биде така“, се вршат разни притисоци и закани, во интерес на прекомпонирање и калапење. Не сме ништо да стрчи, драг комшија!

Не може некој да ме убеди дека Социјалдемократската партија игра политика на ѓон како што тоа го прави ВМРО-ДПМНЕ. И затоа, уште вчера, гледам дека пропагандата на „десните конзерви“ ќе пробаат се’ за да не „глајхшалутуваат“ и вкалапат како парче сирење.

На нас е граѓаните што ќе препознаеме и како ќе го разбереме „трансферот на вина“. Ако одлучиме мудро, ќе ги живееме слободите и правата, ако одбереме глупаво, повторно ќе бидеме нокаутирани, па до следното будење – кој жив, а кој мртов.


Текстот е личен став на Авторот. Преземањето е дозволено според лиценцата Creative Commons 4.0.

Next Post

Пронајдени четири лица мигранти од Куба во кумановско

НАЈНОВО

Гутереш: Гладот во Појасот Газа е резултат на намерни постапки на Израел

August 28, 2025

Репортери без граници: Насилството врз новинарите во Србија достигна тажен рекорд, регистрирани се 34 напади за помалку од два месец

August 28, 2025

Се интервенира на четири пожари на планинските подрачја на Општина Желино, градоначалникот се сомнева дека се подметнати

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Вереничкот прстен од Тејлор Свифт. Фото: Инстаграм Тејлор Свифт

    Колку „тежи“ венчалниот прстен што го доби Тејлор Свифт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сопругата на Брус Вилис открива зошто донела тешка одлука да го пресели сопругот во друга куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спречен обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Медведев парично казнет за инцидентот на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk