ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Алиу: поддршката за студирање на престижни странски универзитети е вложување во човечкиот капитал

November 1, 2022 14:27
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Денес во Националната и универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ во Скопје се одржа 15-тиот саем „Студии во Франција“ организиран од Француската амбасада и Францускиот институт во Скопје, со поддршка на француската државна агенција за високо образование Кампус Франс од Париз.

Во поздравниот говор, заменик министерот за образование и наука Лулзим Алиу рече дека соработката на македонските и француските образовни институции има благородната цел – младите луѓе да добијат квалитетно образование и да израснат во граѓани ориентирани кон иднината, способни да размислуваат критички кога се изложени на различни мислења, креативни и кооперативни, со прифаќање на различностите.

„Глобално признатите високообразовни институции во Франција се привлечни за студентите од цел свет. Секако дека е предизвик да се учи во земја со еден од најдобрите образовни системи, со ниски трошоци за студирање на државните универзитети и понуда на бројни стипендии. И дополнително на ова, прекрасна земја за запознавање и живеење“, посочи Алиу.

Министерството за образование и наука и Владата на Република Северна Македонија го поддржуваат студирањето на реномирани странски универзитети и доделуваат стипендии кои ги покриваат школарината, трошоците за живот и сместување, како и трошоците за превоз.

Државите во развој имаат потреба од интензивно вложување во човечкиот капитал, што ќе доведе до побрз развој на економијата. Студирањето на престижни странски универзитети е повеќезначно – овозможува трансфер на технологии, иновации и најдобри практики, гради мултикултурна свест, ги урива предрасудите, создава посилни релации меѓу државите. Преку меѓународното образование, студентите развиваат лични врски со земјата домаќин и подоцна, кога ќе се вратат дома, можат многу да помогнат во привлекувањето странски инвестиции и меѓународната размена на знаење и идеи“, нагласи заменик министерот Алиу.

„За да се реализира тоа, Владата и Министерство работат на враќање на довербата на младите во сигурна иднина во државата и како што укажа заменик министерот, сите очекуваме тие, по завршувањето на француското високо образование, да се вратат во својата земја и тука да го употребат стекнатото знаење и вештини, за просперитетна иднина на сите наши граѓани.“ нагласија од Министерството за образование и наука

 

Next Post

Финска бара Турција и Унгарија што поскоро да ги одобрат барањата за членство во НАТО

НАЈНОВО

АВМУ: Денеска на полноќ завршува објавувањето резултати од анкети за вториот круг од Локалните избори 2025

October 27, 2025

Д-р Трајановски: Чист, безбеден и достоинствен Аеродром е мојата визија за современа и хумана општина

October 27, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Како Маите можеле точно да ги предвидат затемнувањата на сонцето со векови

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk